таков (зам.) - статус (имн.)

Не е веќе привилегија, или можеби е потребно таквиот статус да се одржува. DD ЕВ: Не знам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тој не беше ѕвезда, но имаше потреба од таков статус на масата за ручек.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа значеше нешто посебно, иако никоја од жените тоа посебно не можеше да го дефинира во конкретно сознание, но беше важно со самото тоа дека таквиот статус ги охрабруваше „типките”, како што Илона ги нарекуваше своите „колешки” од другите соби, да бидат сигурни во контактите и договарањата со неа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Повеќе сакаше да ги поднесува последиците од таквиот статус отколку, со помош на Партијата, да напредува во кариерата...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)