таков (зам.) - добар (прид.)

Во таков час тој секогаш некако вардеше да ја скубне, измислуваше секакви итроштини, стоеше на нога, коњчето го тераше да наведнува глава, да биде учено момче, да поздравува ученици, зашто тоа се многу учени луѓе, умни, зашто младите момченца се исто така едни такви добри коњчиња, благородни.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„А ти си таква добра душа, чиста и нерасипана“, ја фалиш за на крај да ѝ предвидиш дека ќе ѝ помогне човек во униформа... доктор, цариник, банкар... келнер не е!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ете, такви добри луѓе шетаат по светот!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)