таков (зам.) - лош (прид.)

Секој примерен беше задолжен со по еден таков лош другар во стројот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Клета ви садбина, моми, клета ви година, што вас мајка е родила в такво лошо време!
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Таа и не забележала, бидејќи никогаш не би ни помислила дека Љупчо би можел да стори таква лоша работа: да краде од сопствените родители.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кому ли таква лоша клевета му излезе од уста, а?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќотекот што го изеде Рајна бил со таква намера: да извлече од неа признание дека е извршител на нечија порака!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мајка му на Љупчо плачеше. Всушност, Љупчо призна, дека парите ги зел од оние што се за дневни покупки - за млеко, леб и друго.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Што се однесува до оние будали од окупаторската власт, и тие направија иста таква лоша проценка како и вие.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)