таков (зам.) - ситен (прид.)

Ѓорче се скамени наместо кога прецени дека една таква ситна работа можеше да го издаде, и не мрдна од местото дури Толе со големо задоволство не му ја „искастри“ брадата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но друг излез немаше и тој тргаа во зората со Тодора; вечерта благополучно стигна во Битола, врвејќи низ синџири аскер по Маково.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Беше тоа едно толку големо човечиште, што не можеше за него ни да биде врзана една таква ситна кривоглешчинка за разгазувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога мислеше дека ќе има доста вода за едно такво ситно животинче, тој почна да се спрема за пат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Простете му на својот верен слуга што ви додева за таква ситна работа. (Кадијата го поучи Суља како да зборува ако излезе пред султанот).
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но животот, што почнал така, зел да одминува, се затркалале една по друга годините, а далчниот свет како да ги цедеше преку триста сита добрините, што можеше да му ги искамчи за себе со своите ноктиња еден таков ситен, загубен човек од планините, останат калџија во мајсторските тајфи до својата четириесетта, по скелињата, со рамото, што му паѓало сѐ пониско од тешката копанка, што ја искачувал нагоре по тие дрвени конструкции, од под кои, како пилето од под лушпата, еден ден се излупувало и почнало да живее едно ново здание, секогаш наново, во бескрај.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)