те (зам.) - врзе (гл.)

Убаво да редиш, збор до збор да иде, Ти сепак Голем поет нема да бидеш, ти никој не си, никој не те одбра тебе, Балканот, земја на контролирани поети, тоа ќе те врзе за цело време.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
— А бре сполај ти, чичко, токо којзнае дали и тебе Белоперевци не ќе те врзат ако дојдиме кај тебе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден од луѓето што го држеше младичот, го завлечка посилно и му свика: - Оди, оти ќе те врзам за коњов...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Смеам да те врзам? (Ги врзува ракавите од кошулата одзади.) Те врзувам лабаво. Ти оставам надеж дека можеш да побегнеш. Ти таа можност не ја користиш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Манастирот. Евто подготвува малтер. Михајло седи со врзани раце и очи.) ЕВТО: Како не знаеш кој те врзал? Кој те тераше да доаѓаш ваму?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Ха, сега дури те гостив, си рекол со умот чоекот, оти коа ќе те врзам јако, за да видиш кој е појунак!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Џанам, арно, ќе седниш - му рекол чоекот - туку пак ќе си станиш; ела кандисај да те врзам со појасов за дапчево, дури да дојдам, да така те веруам, а инаку знам оти не ќе ме чекаш овде, те ќе си ојш по ќефот твој.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ами, кој те врзал овде? - го прашал 'рслано.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ламбе кроце му шепна на увото на Трајчета: - Тебе сигурно нема да те врзат.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А така момчета, вели и појди кај едни, појди кај други, не куражи и благодарја ви на учението, ни вели и ние: покорно благодарим, ќе му одречеме, а шумата свети, мислиш сонцето заборавило да зајде, да се тргне од неа, а сонце нема, небото на твоите рамена се потпира и тука учевме сѐ што си има една држава за да напаѓа и војната си тера и првин се бориме со Грците и со Англичаните и дење-ноќе во окопи, со цела спрема и не смееш да заспиеш, оти ако те најдат заспан, ќе те врзат на сонце, ако е сонце, ако не е дожд, и така ќе скапуваш, 123
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)