те (зам.) - даде (гл.)

Не ти подаруваат тие тебе часовник, туку ти си подарен, тебе те даваат како подарок за часовникот. 66
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Дедо тебе не ми те дава, жими тебе- ѝ рече триејќи ја галовно под брадата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Многу рано те дадоа да пцовисаш, си велам за себе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
црвената: пламливи, избувливи луѓе: што на ум, што в срце - тоа на уста, за една болвосерка - туриваат каца со мед; им пререче ли нешто, им се пикна во зборот, не ги поддржа, не им одобри - повеќе за тебе не држат, те замразуваат; додека имаат мака на алтан-терезија те држат, кога ќе им помине маката, за старо тенеќе те даваат; само тие како да постојат во селото; соседите ги тераат да ги врзуваат кокошките, а тие кучињата свои ги пуштаат кај што сакаат; кога ќе се впипрат во лицето - запелтечуваат; ако ти е фрлена шега, подбив, мунѕа - од нив е; се зафатија ли со нешто, наумија ли нешто - или ќе го сторат или раката ќе си ја отсечат; жолтата: колебливи во очи, во држење, во однесување; многу сакаат да слушаат, да чујат сè, а ни трошка нешто од себе да речат; во расправиите бегаат, не сакаат тука да се најдат; дома глас не им се слуша, како да не се живи; за мала работа трчаат кај соседите за совет; кога ќе им влезеш в куќи, не ги фаќа паника, ниту брзаат да те почестат; ако дедо им бил говедар, козар, питроп, полјак - таткото и синот и внукот се тоа; по гробиштата кога сите лелекаат и плачат, тие ги гаснат свеќите да не се трошат до крај; секогаш одат со навалени глави загледани во земјата како да бараат нешто што изгубиле или пак што загубил друг; кафеавата: рано легнуваат, рано стануваат; тешки во одењето, тешки во зборот; само за себе живеат; што било, како било - во нив останува; дома со седење те пречекуваат: ќе те измерат: кој си, што си, па ќе станат; за многу работи се прават дека не чуле; она што е нивно не го даваат на друг да се послужи; устата им испушта мед, а срцето пелин; кога ќе им дојде невеста во куќата, или ќе ја претопат - табиетот да им го земе, или клоцата ќе ѝ ја удрат; имотни се, но со прсти стегнати, кајафлии не се расфрлуваат и не арчат многу: дури и кога дечињата наутро ги празнат мешињата, ги празнат во дворот - да имаат што и кокошките да колвнат; избегнуваат кај што не им е по ќеф или кај што шерепере се зборува; жените со плетиво одат в поле, в планина, в црква, на молзење, в град по купување; кога даваат совет, не ти кажуваат сѐ докрај - нешто и за себе задржуваат; ако те засакаат - виделе нешто во тебе што им се допаѓа; кога ќе им се случи нешто лошо во куќата, одмерено плачат; кога се болни, не ѝ веруваат на болеста; со неа шетаат, со неа работат, со неа по веселби одат; ја носат, а гледаат кому да му ја прилепат; розовата (шеќерлијата): чаламџии, фодули, самобендисани, а купи ден - помини; на оро први; те сакаат додека имаат мака; јајце да варат, надвор го варат - да ги гледаат сите; од надвор куќата чиста, паќна, што се вели: азна, а внатре празна; што да се случи во селото - први разбираат; во разговор ќе те префрлуваат од рид на рид, ќе ти тргаат фурки - в очи ќе те лажат; не држат многу до зборот: речи - одречи; ти даде ли нешто, сите знаат; новата кошула ја облекуваат врз старата: кој да види да завиди; први се за гости, за јадење, за пиење, а кога ќе им дојдеш дома - им поминал светецот!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ние тројца долго говоривме за вашата работа, се како боли и како се свило... и најпосле, бидејќи вујко ти не те дава за Илија, не знаеме мајка ти што мисли...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Русе седи на мостето, На мостето искршено, Банџе се вози во чунчето, Во чунчето на предница: (арија) Сам си весла, сам си прави, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе Како да те, мори, граби! (арија) Бог да бие, Русе, твоја мајка, Твоја мајка, Русе, Ангелина, Што не те дава, Русе, кај што сакаш, Тук’ те дава, Русе, кај што нејќеш... (Додека Антица, потресена од песната, силно плаче, кумот расположен гордо го отресува ќесето и фрла бакшиш во дајрето).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ти не си ни прва ни последна што те даваат на сила за кого не го сакаш.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Те дадов на огнот, о дали го чувствуваш тоа слатко злосторство?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ќе те дадам на прв што ќе те побара и нема да заплачам по тебе.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)