те (зам.) - заплисне (гл.)

Амам: промена на смислата Не кога ќе влезеш и кога ќе те заплисне врел и непроѕирен воздух не кога ќе те поклопат капките разлеани по ѕидовите реата, мермерот, мрморењето не кога ќе те обземе вртоглавица зашеметеност од празнината на амамот, полна пот, плот и пареа не кога ќе те погоди како отсјај во сон светлината подадена низ розетата дозирано, од високо не додека студеното сонце-иње од карши ги облагородува дрвјата, релјефите, порталите, фасадите на сараите туку кога ќе потонеш гола во гротлото ко крвава рожба во исцедокот од водолијата тукушто прсната, за да може да се слизне низ пенџерето на животот (на)право во царството на немилосрдноста кога збунетото тело ќе помисли дека секое друго место е подобро ама ќе остане и понатаму - таму без да се помести кога ќе ја осетиш жешката вода како оддалечување од секојдневието, од агонијата на распадот (целото е мислена именка, далечно минато) кога ќе се престориш течен заборав божји благослов и ќе му се предадеш на телото мислејќи си ѝ се предал на психата егзотичното прелевање на смислата сѐ додека не се претвориш во прелив како таков кога ќе се испреплетат значењата едни со други и ќе се испретурат во кошницата на светогледот а ти ќе тргнеш во потрага по почетокот кога ќе сфатиш - Бизант е капија во темните агли на памтењето цела епоха е втисната како анатолиска крпенка во обичните зборови од твојот мајчин јазик во интимата на јазикот и се спровира низ капијата кон одаите и спалните дома кајшто по извесно време по извесна стварност потеклото се заташкува сродството се изобличува јазикот има свои потреби како и телото сфаќаш и тонеш во без-сознание зад јазикот, отаде нека почека ако те чека ... Истанбул, декември 2003
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Него со ништо не го споредувај, не го заменувај - при толку светлина и толку живот! - при толку длабочини и такви ајкули! не вели Море – тоа само ќе те заплисне без илузии!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Влегуваш во театарот и те заплиснува мирис на штотуку сварен боршч.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мал, а така голем е градот Вашингтон. Од сите страни те заплиснуваат спомени на луѓе што сонувале еден подобар свет.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Да знаеш само каква темнина ќе те заплисне кога ќе ги отвориш очите а насекаде наоколу црнила.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Морската риба те заплиснува со миризба на странец, а пазарите те омамуваат со миризби на егзотични плодови што досега ги немаш вкусено и чиишто називи не можеш да ги преведеш.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)