те (зам.) - заштити (гл.)

Сириецот се исклештува, терајќи го најмалиот, голобрад придружник (сѐ уште исплашен од приказните за крвожедната Гило што во пустелија со пајакова плунка им ја цица крват на децата сè додека не им ја остави виснатата кожа) ситно да се закашла, придвижувајќи го натежнатиот простор како леснонога искра што се впива во молчалив преграб: - Не убедувај се дека тој ќе те заштити.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога ќе заскиташ во такви грешки, како она на Сираков не постои умешност што ќе те заштити.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Поинаку не можев да те заштитам - и повеќе не издржа; се расплака на глас, го фрли ножот, истрча во тремот, извика таму Да не видам огледало во куќава и преку дворот избега некаде во полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога нема кој да те заштити по природен пат, мораш тоа да го сториш на вештачки начин.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Самата му се придружила на службеникот кој бил испратен да те доведе. Без никаква принуда.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Твојата девојка самата пројавила желба да дојде. Веројатно сакала да те заштити.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
-Те милува, те заштитува кога спиеш ноќе, те води низ твојот мрак дење.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)