те (зам.) - збуни (гл.)

Потсвеста ја смислил творецот за да постои нешто што ќе те збунува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира јас незнам колку е будна кај мене таа потсвест.но првата помисла што ми наиде оној ден во ходникот кога го видов натрапников се однесуваше на решението што си ги бев поставил уште кога се будев тоа утро.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Си немал контрола ни над сопствената мисла, па затоа не си можел да ја следиш за да дознаеш кога заминала, каде, зошто го сторила тоа, по чие барање или наредба?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се преправаш дека те збунува болката поради божемната отсутност на насмевката на мајка ти; дека те измачува недофатливоста на нејзините зборови и тоа сега, додека упорно настојуваш да го допреш со својата помисла ликот на таткото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„А зошто човекот го сметаш за смешен?“, прашувам јас. „Бидејќи е таков“, вели Огнена. „Се по нешто измислува за да те збуни“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Нели те збунуваат случувањата, околу тебе, дали се плашиш од нив?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Почнав да се смеам, онака, вистински, а таа се загледа во моето смеење.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)