те (зам.) - изгори (гл.)

Збогум мој Прилеп, да би оган те изгорел со сите твои Аџи Рамповци, Аџи Илиовци и сите христијански бегови и паши!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Што се чудам пак? Кој ќе ја поведе голотијата и против кого?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А не така, бам в чело или в гради или тело ти разнесе граната или оган те изгоре што паѓа од небо и си отиде со пламенот, со чадот, со ветерот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не заборавај да си купиш, но внимавај да не ти ги откријат цариниците, зашто ќе те изгорат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Да беше некој друг, ќе те изгореше“, ме испрати пријателчето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќе те пресече мраз, ќе те изгори слана. - Никого не чекам, - рече Белото.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Откри нешто, што те исуши откорен; откри нешто, што помина низ целиот тебе како рофја, те изгоре и те остави да се меткаш со денови по шумата, по беспаќата, а деновите ти беа сосема црни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, веднаш, како што го фрлаш запалениот предмет што го држиш во раката за да не те изгори, таа ја отфрли оваа тешка помисла.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Другарката Оливера не си ги валкаше рацете, таа со каиш по грб, а над сето тоа правеше и една многу грда женска работа, удри и штипни, в срце да те изгори.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ах, вие сигурно не знаете! Треба да се побегне од тоа место, далеку, далеку; да останеш на пат, да паднеш на патот, сонцето да те изгори, но да не се вратиш.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, в срце да те изгори.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ама не, тие ја заборавиле клетвата на баба „Оган да те изгори!” и се токмат зад ќошот во замрзнатата темнина да ги начекаат и водата и воздухот за уживанцијата да биде комплетна.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Од каде таа латентна заблуда тревожното претчувство дека сум само ехо (е-х-о) додека окото ослепува гледајќи во замисленото сонце да речам ли еретички - слободата оти само таа може да те гледа без да трепне право в очи и да те изгори додека ти не сеќаваш ништо друго освен восхит!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ќе те пресече мраз, ќе те изгори слана.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)