те (зам.) - научи (гл.)

- Раскажувај, Циљке - замоли Мита. И допраша: - Те научи ли дедо ти и на старинскиот јазик да зборуваш? - Не. Само молитви...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да не сакаш да те научам и азбука?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не сфаќаше. Сакав, синко, само да те научам што е шиканирање, пијано шмркаше татко му.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој ќе те научи.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кој те научи да играш табла?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
- Кој те научил на таква верност, Карамане?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сѐ што не те научиле на училиште, јас ќе те научам овде. Многу сте се распашале.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МИХАЈЛО: Што е човек ако не знае да лета? Сакаш да те научам?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Дедо ти Борис ќе ми те научи сѐ, душо моја.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ќе те научам на памет, да знаеш! Многу си се разгалила.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
САЗДО: (Гледа во детето како во некое мало чудовиште) Кој те научи така?
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
„Учителката ќе те научи како влегуваат во блокчето такви високи згради, разнобојни лимузини, па црвени автобуси и широки згради, разнобојни лимузини, па црвени автобуси и широки улици!“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ист си како онаа чија крв ја носиш, и која, да не те дала на посвојување, ќе те фрлела да умреш на улица, за да не ѝ пречиш кога муштериите легнувале меѓу нејзините нозе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ист си како твојата мајка. Не онаа која те пораснала, те научила да свириш на пијано и која те учела да ја сакаш поезијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Љупчо вовлече чад, потоа полека пувкаше гледајќи нѐ подзамижано.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Зинати, небаре не виделе пушач. Учете! Еве, вака: да си маж, вистински маж...“ се обиде да испувка тркалца, ама не му успеа. „Татко ми може“, рече Ташко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Е па, ти побарај татко ти да те научи!“ се налути Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Ти ли си тој пеливан? - рече цивилот. - Ние тебе ќе те научиме!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Тоа е моја работа - одговори Горјан. - Ќе те научам.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Кој те научи на тоа? - праша Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сакав и тебе да те научам да танцуваш. Барем танго.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)