те (зам.) - нема (гл.)

Те нема“, вели, „да излезеш нагоре... Знам“, вели, „пишуваш. Разбирам“, вели.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Да те нема! Поткини си ја шијата! - му се развика Коле. - Пушти го, - реков.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кај вати шо те нема цела зима? — го пречека мајка му сред кошарчето и го прегрна како секоја мајка што не го видела сина си четири пет месеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море ми кај си, свети Јоване, шо те нема волку време? — го праша руса Миша и веќе му подава столче и му ја зема торбата од рамото, во која Толе ги донесе и за неа подароците како за Проќа во Ал-Шари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Те немаше таму.“ „Овде сум“, рече Дејв.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Чеках ден ја, чеках два дни три дни и три ношти, ти не идеш, сѐ те нема и совсем не дојде...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Воодушевен од патетичната глетка, ја слушам неговата песна. кога ќе забележиш дека те нема и продолжиш да чекориш како ништо да не било како сенка залепена на чевлите што одат во место во ритмот на навиките и погледнеш во огледало стакло или поток и кога ќе забележиш дека и таму те нема измени го светот и изненади кај не очекува затоа што те нема Натоварен со желба за муабет и римување, влегувам во станот на мојот буквално стар пријател. 58 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Бев еднаш, ама те немаше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако те нападне некој, ако налетаат волци, додека ја најдеш може веќе тебе да те нема.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секој ден да те гледам на хоризонтот во аголот. како и сега кога паѓаш...кога те нема.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Рече солзи. Те тешев. Реков солзи. Те нема.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Зар не виде како се џарам околу себе додека ја враќав теглата во празнината на ѕидот и додека ја спуштав лажицата во каленицата од која минатата ноќ сркав надробен леб во толчен лук со оцет и вода.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но сето време додека го изведував овој утрински ритуал иако те немаше пред мене, иако не ти го слушав гласот, чувствував, знаев дека постои тоа место од каде ме гледаш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А мене ми беше многу тешко дека те нема! - пак вика Даме.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Долго време не сме се виделе. Те нема.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ти си, а те нема. Пекол.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Препушти му се на заборавот, па ќе те нема вчера, ќе те нема денес и утре ќе те нема...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Слично е како кога бев малечка и се изгубив на плажата, испаничена лутајќи низ таа шума на влакнести нозе и набрекнати препони, плачејќи по мајка ми.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И така, ти одиш по сенф и јас се прашувам зошто толку долго те нема; тогаш една жена почнува да вика дека се удавило дете и толпата навалува кон водата понесувајќи ме и мене со нив.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како и да е, толпата ме носи во водата и ме буткаат подвода, а јас си мислам, толку, сега ќе се удавам, но успевам да си го задржам здивот подолго од што е возможно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Истрчав од дома, со страв, и со премален здив се тутнав во собата на мојот школски другар, познатиот Специјалист за чудни болести и му кажав дека на моето прашање: „ Што е тоа што веќе го нема“, некој друг Невидлив, со темен глас ми одговори „Тебе те нема.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тогаш зачуден чув како Некој невидлив ми одговори: „Тебе те нема.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Патем додаде: „Така ќе оставиш белези за себе, а тебе ќе те нема.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога јас би бил во ситуација да бирам страна, што би рекол еден мој пријател книжевник, „Во нашата книжевна средина мора да избереш страна инаку ќе те нема!“, јас би ја избрал страната на Андриќ затоа што тивкоста, бавноста и шепотот, секогаш помагаат во кавгата да се вклучат оние што би требало да ја водат, оние чии оценки за тоа кој каков писател е, се најрелевантни, а тоа се читателите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Да те нема, проклета кобнице!“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Што ти е тебе денес? Сево време зборувам, а тебе како да те нема?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Абе, ти ко да фрли камен на нас? Те нема, те нема, и пак те нема, а кога те има врвиш ко покрај турски гробишта.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во главата стои твојата гордост, ако ја скршиш главата, гордоста ја нема, тебе те нема, светот го нема, ништо нема.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ама не знам да играм. Има да се научиш, или има да те нема. Седи до Живоина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш те мразев зашто те немав и се опивав држејќи ја под палто врз седефената дршка десната рака.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- А тебе затоа ли те нема со денови дома? Јатак, а?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Те нема, долго те нема! Те барав и очекував да ми се јавиш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Радо, дали ти воопшто не слушаш нас? Те нема? Спушти се на земја!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Тето, па ова е мал рај! - ѝ се оттргна длабока воздишка на Рада - Сега знам зошто те нема таму долу. Мислам во Македонија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Те барав од изворот до утоката, во годинава што мина, стигнав до секој забит, го превртев секој камен, но те немаше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Слушај џандару, немој да мислиш дека ти се плашам. Пет дена те нема и сѐ ти фали.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, зошто уште те нема те чекаме знаеш?
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
И тогаш почнав да го раскажувам оној сон кој ми беше зададен во „Љубовна напивка“: Сонувам како лежам во некој кревет.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Напиј се кафе и сетне бриши, да те нема.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секој знае – кога спијам не смее да шушне змија, верверица, куна, крт! за таквите јас сум пекол, за таквите јас сум смрт!“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ги сретнеш ли залет земај – пат под нозе, да те нема!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И откако видов дека те нема и откако дознав дека живееш со други жени, ме фати силна жал и јад и со денови и ноќи плачев, и во силната омраза кон тебе што досега ти останав верна додека ти си го тераш ќејфот, во бес и очај, решив и јас да ѝ дадам одишка на душата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Замини со првиот есенски лист нека те нема веќе во душава да не правиш пустош во неа...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ја гледам месечината во ноќта ... а тебе те нема ни овде ни таму некаде..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Те нема да наминеш до портата на случајноста... онаа порта која те доведе до искушение.. онаа која го освои твоето немирно срце...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Тешко е да те нема тебе во мене, ни наредби од сама себе веќе не примам..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Кога те нема, умира по една јас- а одамна немам време за следни смрти.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Нема ништо друго во оваа песна го нема ни твојот лик ниту глас, ни мисла те нема ни тебе, а ни мене, не нема нас...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Те нема, мил мој... ама јас никогаш не сум ти рекла мил мој - немало време да ти речам - воздивна Ѕвезда и стишено си запеја - само темјанушката да ја слуша - Цвеќе се бере - дури е росно... моме се љуби - дури е младо...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Најпрвин откај нашите умрени - се вртам - мама ја нема - тебе те нема, бабо мила, - ама и никој нема на гробиштана - го нема ниту дедо попот - раздавам а нема кому да раздадам.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Срцево ми се кине, се мислам дека сонувам, но кога ќе погледнам лево-десно, па ќе се запрашам и одговорот е тој, те нема веќе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Има ли поголема несреќа за мене што те нема...
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Марко спиеше по цел ден на фотелјата покрај твојот кревет, чувствуваше дека те нема и тагуваше по тебе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Како да те бараше, како да чувствуваше дека те нема. И тоа тагуваше.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ќе нарачав кафе во Старбак, во центарот, ќе седнев да го испијам на клупите и те чекав да се појавиш оддалеку…, да ми мавнеш, но тебе те немаше.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Знаев дека колку да се обвинувам, колку да се измачувам казнувам и страдам нема ништо да се промени, тебе те нема.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
По еден глужд израсна на секој век место срам што те нема.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Додека јас го читам писмото, во офф одекнува гласот на сестра ми Фелон следен со мелодраматична музика: „Драги мој брате Стивен Керингтон, Овде во Денвер е лудо и незаборавно и штета што те нема да шизиме заедно, а не само мене живец по живец да ми корнат... Во превод: полудевме!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тебе те нема, ти никогаш не си постоела.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
ЕВДОКИЈА: Да те нема тебе!
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Таму е темно и попелишта само од пресушени мориња Небото распнато на крст се ниша И глас од подземјето вие: - Лош знак е душата себе си кога се моли, И кога човекот остане само со сенката бледа, Зашто тебе во ова соѕвездие те нема – а те гледам, Некаде си – но, каде си, Андромеда?
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Стариот другар те поздравува; те нема заборавено, објасни тој.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Изгледа сѐ уште те немам прочитано до крај, почитуван колега, му се обраќам во мислите на мојот потчинет без да го погледнам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Исчезнав и ме има А бев таму и бев тука Отсатноста чука, клука Исчезна и те нема Штом ме нема земај Од отсатноста, таа... тука.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
1. Не гибај во Ноќта - ноќ е, Ќе те касне, ќе те згасне, Ќе те нема, ќе те снема, Не ја земај.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Гледаш од далеку јури локомотива право кон тебе, а ти, да те нема.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Разбирам да е шајка, ја гледаш и знаеш на што удираш...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Само тебе што те нема меѓу нив, Кузе, - му рече Нумо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
24 Маглата се поткрева над котлините визијата станува стварност стравот се обвистинува: се наѕира клисура, амбис сур живописна урна серт рис се задава од сртовите како сираче, но отмен и дрско убав, би рекла смртно личен само ревот негов ни бие право в лице насекаде околу-наоколу мене и тебе, синко мој бие бијно, очебијно а сепак кревко небаре може да се сотре да се изгуби место нас со еден замав на главата со едно затнување на устата со еден потег на четката со мал премаз боја со нов слој малтер со обично будење од длабок сон ама будење нема, веќе нема назад и тебе те нема Младост моја само необичен сон, збор и допир само задоцнета потрага по изгубеното може да те оживее како свет - но литературен како сенка на сенката „што било, пак ќе биде“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Да те нема! Поткини си ја шијата! - му свика Коле.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
ЕДИНАЕСЕТТА ПОЈАВА ДОСЕГАШНИТЕ БЕЗ ПАНКО
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Ајде, кога ти велам, дим да те нема, зашто... (Го крева шишето и замавнува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Не, сфатила дека те нема и во октомври веќе не поминуваше низ нашата улица.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На Твојата машка натура навистина $ требаше многу време (неколку години!) сосема да го разбере, а потоа и да го прифати она што Твојата луцидна пријателка постојано го преповторува: Посебните врски што јас ги одржувам со вашите книги ме водат до мисла дека за тоа што ме учат за вас е бескрајно подлабоко и побитно отколку с што би можеле вие да ми раскажете.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Те нема дури ни формално: доколку внимателно ги препрочиташ сите 64 нејзини писма, коишто (впрочем!) го претставуваат најдобриот и најинтересен дел од Твојот епистоларен роман, лесно ќе забележиш дека Елен Лејбовиц Тебе секогаш Ти се обраќа со неутрална формулација Господине, а безмалку во секое обраќање нагласува дека информациите (за Тебе и за Твоите книжевни и други планови) воопшто не ја интересираат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ќе Те потсетам госпоѓа Лејбовиц неа ја дефинира како литература која и не се занимава со друго освен со длабините на душата (Старова, 2008: 10).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Можеби ќе проверат и кога ќе видат дека те нема, кој знае како можат да те казнат... рече со растреперен глас. – Изврши смена на стражата и врати се.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Беше тихо и пространо, сонцето грееше а далеку над Огражден се гонеа по прозрачното небо јата бели пувкави облаци. – Кај се губиш, Белич? – го наруши Мече прв молчењето. – Те барам толку време, а тебе никаде те нема.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Зошто толку долго те немаше?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А овие денови, кога и тебе те немаше, да знаеш колку нѝ беше тешко со мајка ти.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Знам мило, знам, - рече божем навредено тетка ми – но што можам кога сум била најмала и доцна сум се вклучила во нивниот живот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мама рече дека сте уживале вие двајцата сами.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Бато, мазно му се обратив... ... – Да те нема!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Тето – ѝ се свртев на тетка ми Оце – да знаеш, тебе воопшто те нема во нивното детство, секогаш кога мама ми раскажува, вели, тетка ти Ана и јас, кога бевме деца... и сè за нив двете кажува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А мене ми беше многу тешко дека те нема! - пак вика Даме.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)