те (зам.) - обои (гл.)

Те извајав од злато, те обоив со боите на животот, а пак ми беше далечен и недостижен, не можев да те допрам и видам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И, она на што и самиот си заборавил дека како особина го поседуваш, одеднаш те обојува во некој кој е посакуван во друштвото од каде на клоци си набркан своевремено, обележан преку цело чело, па во огледалото не се препознаваш ама си се бендисуваш ептен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)