те (зам.) - одвлече (гл.)

Но чичко Петре му ја зграби секирата: „Само пробај, па ќе видиме колкумина ќе те одвлечат дома!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ете за тоа тој иде со Арнаути, за да те одвлече жива дома му.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Но иде за да те граби, да те одвлече жива одовде за да те земе за жена, да те потурчи оти си убава.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А боите меки, нежни, влажни во првата вечерна роса, не те одвлекуваат од свеста дека во животот сепак има надежи и дека борбата е неизбежна само заради животот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)