те (зам.) - ослободи (гл.)

Ако решиме да те ослободиме, откако ќе завршиме со тебе, и ако доживееш деведесет години старост, ти сепак никогаш нема да дознаеш дали одговорот на тоа прашање е да или не.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И уште му рече дека еден ден сигурно ќе сфати, како што таа веќе сфатила, дека вистинската љубов, како вистинската вера, може само да те ослободи, а не да те зароби.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дојдов да те ослободам, да ја примам на себе опасноста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тие и да знаат дека имаш вина, не сакаат од неа да те ослободат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наместо да ти го замени геј-идентитетот со нов и подобар идентитет, учеството во негеј-културните облици те ослободува од нужноста воопшто да имаш некаков идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Окованите патем се плашеа и се радуваа. Одеа колку што им дозволуваа тешките пранги и си мрмореа тивко меѓу себе: – Сега ќе биде што ќе биде – ѝ велеше Јован на Сирма. – Ако те ослободи тебе султанот како жена, за мене да не жалиш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И додека ти мислиш, тие веќе смислија како да те ослободат од стравот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега сум со намера да те ослободам од секаков вид вина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Те ослободува од патријархалната претпоставка за тоа што значи литературата и како таа се создава.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го направивме во мрак Во вода, и во високата трева “Го направивме” - Јехуда Амихаи Не го направивме она на светлина, ниту во мрак.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кејт Брејверман Стуарт Дајбек НЕ ГО НАПРАВИВМЕ ОНА Го направивме пред огледалото И на светлина. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 176
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)