те (зам.) - остави (гл.)

- Да, не те оставив, но зашто тоа го правев? - се врти и Калчо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Цицај, батко ти Бојан нема да те остави гладна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јас сум виновен. Другпат не те оставам сам, - зборуваше низ солзи добриот старец. ***
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Или овој случај на делумно заминување Му припаѓа на билтенот бизарни авантури? (Нели авантурите се ретки доживувања Дури и на храбрите ловци на среќа) Но двојникот во огледалото можеби си мисли: Ваквите случаи се игри на смртта; Ќе се насмееш и насмевката ќе се вкочани; Ќе те остават вкочанет а притоа и застаклен Ќе ти дозволат самиот себеси да се загубиш.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се сети дека сум девојка на место што туку така нема да те остави како да сум јас некоја испустена, најдена на патот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Неколкупати ми дојде на врв јазик да му речам дека постојано го мислам мојот редок гостин, кој како подарокот тебе (најскапото) ми те остави; дека заспивам и се будам мислејќи на него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но знај, синко, ти си виновникот заради ваквата моја несоница; ако те немав тебе, ќе се потрудев да го заборавам и него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ИВАН: Ти многу добро знаеш дека нема да те оставам.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Меѓу другото, ти и самиот побара да те оставиме настрана од сева оваа работа.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А сега не можам да те оставам, мислам дека и ти самиот го разбираш тоа во мене, му зборуваше на самјакот пред себе, некаде таму, далеку напред, меѓу дрвјата од таа волшебна снежна шума, зачекорен и вгорен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Откри нешто, што те исуши откорен; откри нешто, што помина низ целиот тебе како рофја, те изгоре и те остави да се меткаш со денови по шумата, по беспаќата, а деновите ти беа сосема црни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да ги пуштиш за извесно време сите нив да ги носи врагот и тебе да те остават на мира.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Те оставив да си поспиеш повеќе, - му рече Глигор. - Не требаше да ме оставиш. - Лош сон?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А сега да те оставиме со здравје, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Дека избегав од тебе, вели, дека те оставив сама.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Ти треба да се чувствуваш силен и да го зграпчиш за уши злодејот Мечкојад. Луѓето се исплашени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Утре и другите ќе ти свртат грб и ќе те остават сам да го бараш Лесново по беспатицава.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
КАТЕ: А тебе сама ли да те остави мајка ти за да не испрати нас?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Јас бев тој што те остави сама склопчена на креветот во студентската соба 1303. Те оставив сама на ветрометината на животот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Колку пати досега животот без зборови те оставил, a за нас секогаш збор утеха имаш.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Додека не те види наземи нема да те остави, може да те убие.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Бојана го прибра во нејзиниот кревет (- гревче едно, зарем мислеше дека со цел памет ќе те оставам да спиеш на подот?), што малку го подсмири, дури и сонот неколку пати сакаше да го прими во неговото царство... ако Бојана за беља не почна да грчи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Па дури и ако решиме да те оставиме да го одживееш својот природен живот, од нас сепак не ќе можеш да се спасиш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И кога така стишено паднала квечерината врз пресното гропче, души ужалени не додржале, двете пак писнале да тажат - - Леле, росно чедо наше - што се стори ова чудо - ова чудо нечуено? - та зацрни мила мајка и баба ти Петреица - како да те оставиме под сртови пелистерски?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
" "Не треба тие да те остават, туку ти нив, после сè Бојане…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
- Ако ѝ го земеш синот, таа нема да те остави на спокојство.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се најде кој ука да ми дава како се варди пламенчето на коренот или пак знаеш што значи некој само еднаш да ти бркни во тебе и да те остави со тежина за цел живот а тој да ја цапа дуњата заборавајќи дека некаде го запалил пламенчето на нов живот и ти велам не туку ломоти не ми кажувај како треба да ги довардам знам јас како се вардат оти угол сама го довардив тој што ги оплодил овие семчиња заминувај си од мојот сон остави ме да се соземам утре ќе ми треба многу сила сега си нашол да ме учиш што и како кога пред мене си само сенка!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На овој рид ќе те оставам и кога ќе заминам пак да те гледам Голема. За неколку нови чекори недостижност ме остави утринава зад тебе.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Те остави тебе млада, мене да ме родиш... А дома не се врати!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ех, сиромаштијо! Црна си како црн леб!... Пуста да останеш... (Пауза).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Јебига: маж ќе те тепа, жена ќе те вара, швалерка ќе те остави, син ќе те разочара, снаа нема да ти се погоди, зет ќе се испијани, балдска ќе те намрази - а само сестра е во состојба сите нив да ги истрпи!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Сега ти ќе измрдуваш колку што можеш, ама кај да е нешто ќе поткажеш, ако не за друго да те остават да се вратиш да поспиеш и тие на тоа ќе те фатат нешто да им поткажеш.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Никогаш не сум те оставил да ми бидеш должен“, рамнодушно рече Едо Бранов од Битола што предизвика нов бран смеа, краток, но спонтан.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Туку ти лели си при мене, нема да те оставам овде, ќе ти барам некое чаре и ќе си одиме заедно дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
3. I don`t like the black ponsies in the window box: sticks and stems. But you could make a ballgown out of the unusual big poppies behind them.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Некој (секогаш се наоѓа таков) те забележува, те грабнува како да си нејако џуџе, ти ја отсечува бебешката глава за потоа повторно да ти ја насади и да те остави во градината што цути.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А не треба многу. Дватрипати надитри го и насилникот ќе те остави на мира.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги игнорирав овие совети. Но не затоа зашто ми се чинеа погрешни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ако те остават да го сториш тоа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе те оставам заклучен овде. (Пауза) Јас се мачам повеќе од тебе. (Пауза) Слушаш?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)