те (зам.) - повика (гл.)

Водачот се согласи со мојот предлог. Очекувај да те повикаат. И толку.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Сум ти рекла, - благо ме прекорува мама, - да не чекаш да те повикам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И, додека те повикуваат во родилна сала, измерена колку си отворена во единица мерка „прсти“, слушаш како на боксот до тебе една црномурна млада пее стара ромска песна „Есмералда“ на барање од докторот и, додека таа наполу пее, а наполу вриска, ти доаѓа да завиваш и ти со неа во дует. . . .
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Рече: „Што бидува со сила, одговори ми. Што бидува ако човечката душа не ти ја отвори сама вратата и не те повика кај себе?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Секогаш ли е толку убаво, тато? - Секогаш, злато! Инаку немаше да те повикам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сè исто како вчера и утре. Детска врева, ѕвоно, молитва и страв да не те повикаат да излезеш пред црната табла.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сега легни, ќе те повикам за вечера.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А ти не барај од неа веќе ништо. Вода јас ќе ти донесам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Токму затоа, ако те повикаат на разговор, треба да објасниш сè како што се случило.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не треба да дозволиш ременот да ја извлекува од тебе вистината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не оставај ме, кога небото ќе те повика крај себе, тука дупка ќе остане само празна без нежна душа, која рани мие.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Бесшумен, невидлив, може да продре само низ калциумовите сиви молекули (без да ги оштети) и да те повика на ИНТЕРНЕТ.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Зар секаде влегуваш каде што ќе те повикаат?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Разбрав уште дека утре ќе те повикаат да се изјасниш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Добро. За половина час ќе те повикам на капење. Се изморив гледајќи ве.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)