те (зам.) - препознае (гл.)

Грот: Сепак не им одржа предавање. okno.mk | Margina #22 [1995] 125 !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Дали те препознаваат? !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ќе те препознаам помеѓу илјада, тебе и твојата руса коса, која по осум години ја има истата должина, некаде до вратот, кој беше совршено млечно бел пред да се омажиш за гардиски капетан кој ги плаќа сите глупави козметички третмани. Нема љуфка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Потоа со ножов ќе ти одбележам крст врз чело. За да те препознае твојот шејтан.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ти обично уста не затвораш, а тогаш целата беше како загубена. Што ти стана?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не можев да те препознаам вечерта пред „Лондон”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не знам како, ама уште на влез те препознаваат дека си имигрант.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Сега можеше и да се радува што ќе биде неколку недели надвор од оној до ситници раздробен и познат ден во селото, кога сеќаваш како секој поглед, секој збор, оди против тоа да те препознае и да те признае, те пренебрегнува, те премолчува, те принудува на една спарушеност, на една изветвеност од честите среќавања, од долгото гледање и од долгото познавање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Носко ќе направи да те обземе треска, а од утре...од утре ќе бидеш сосема ново девојче.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нема да те препознаат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Доаѓаа да ни гукаат во рацете, итри се малите yверчиња, се нишкаат, ти намигнуваат, веднаш те препознаваат...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Свикнати да те препознаат штом ќе ги одделиш од душата на ноќта гаснат огновите на новите соѕвездија или се кријат во корупки од воздишки.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Вие не ме забележавте. Тебе те препознав веднаш.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)