те (зам.) - прими (гл.)

- Тие мора да се луди кога токму тебе те примиле на работа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ако те прими селово, ќе одиш на школија заедно со децава.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ништо не пишеш за срештата со Паскал, дали нешто исползува од неговото запознавање. Како те прими?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ана, не можев да те примам во моето срце. Тоа е полно до горе со гнев и омраза.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Вечерта, Татјана Перипелицина ќе ми рече: — Решивме да те примиме во нашата уметничка секција.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бескрајно растажен од големата загуба и безбројните жртви, навреден како татко и цар и бесен од болка, тој ја проколнал Струма: „Те проколнувам тебе, која до овој миг беше мое сонце и смисла на мојот живот: земјата да не те прими.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Од клетва лек нема.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Со време, Струма умрела.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Веќе си испланирав како ќе заминам на школување во Кавадарци, ех колку се радував, кога неочекувано татко ми ме пресече: Не верувам дека ќе те примат, сигурно е пополнет бројот, а јас го молев: Тате, ако таму не ме примат, дај ме барем во работничко училиште.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мажот подбивно ѝ одговорил: „Дом е место каде што мораат да те примат кога мораш да одиш таму”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)