те (зам.) - пцуе (гл.)

Ако прашаш треба и да кажеш, а ако кажеш сите те пцујат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа беше вест што убиваше, вистинско сознание во пијанство пред кое и рамнодушноста запенува и се пропнува како исплашен коњ. „Тој те пцуеше“, чу и се тргна, ги спушти од дланка двете копчиња во празната чаша.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Лесно може да се случи и ти да бидеш претепан, но тоа е ловоровиот венец, најдобриот украс на прераскажувачите: колку посилно ќе те претепаат, толку е поочигледен доказот дека твојата фантазија е поопширна; колку повеќе те пцујат, толку е поочигледно дека го привлекуваш вниманието.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Немој да се грижиш ако од вакви прераскажувања се раѓаат спорови, тепачки и неволји: толку поголема е честа на прераскажувачот колку што поголемо и поблескаво дејствие ќе создаде неговиот расказ.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Те пцуев и сакав да го слушнам твојот пресмртен крик... Проклето бев лош.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)