те (зам.) - сака (гл.)

Молчевме. Отворив лименка и пивото го испив на еден здив.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Батичко, да знаеш само колку те сакам – му реков.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Ти си идиот“, рече Земанек. „Гледаш дека не те сака“ рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сакаш некој да те сака, па макар и класниот непријател.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Те сака, бесот да а вати. Токо се плаши да не ве види некој, — го убедуваше Тода Крстета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Да“, реков допирајќи ја, сосема заборавајќи го пакетот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Одвиткувам и читам: „Мира вели дека премногу те сака.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сакам да те сакам, тоа ме храни, каква ли е таа љубов и ме храни и ми отвора рани.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Токо лели те сака главата, пашката шо ќе ти прави?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Те сакам, кој ти рекол дека не те сакам, - вели дедо Спасе.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Јас сум задоена со таа работа,” ѝ велеше тогаш Илона на својата пријателка, по навика пеглајќи си ги рабовите на сукњата над коленото со десната дланка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
— Аха, така папаз, така. Така те сакам, да не знаеш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- А ти кажа ли некому за она, копањето? Не си кажал. Одлично. Таков те сакам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Така те сакам, Миро. Така.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Те сакам татковино,таква каква што си, со сета убост и твоите маани, и сите догорчиња во срцето збрани распламтеа силно и ко да ми зборат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Не може никој да те сака, а како ли јас неа ја засакав и сè и помагав, а таа мене платното да ми го исфрли.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Еј, јас те сакам, еве сега ти велам додека солзите течат и никој нема да ми помогне, за спас да ги сокријам солзите што блескаат од среќа, да загрли срце со љубов што го давам да не биде мое. Ама јас те сакам до небо, онака едноставно, како дете кога ќе ги рашири рацете кон бескрајниот небески простор, а само вечноста да остане зад нас.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Но, во ситуацијава, кога пред мојата смрт ми останува да живеам уште еден час или два, додека ја фрлам и последната бомба, и да го тргнам чкрапецот на мојот нагант, мислам на тебе, писмото нека ти докаже колку многу те сакам.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Го допрев јас божјиот бескрај, ова заљубено срце ќе ти биде вечно благодарно што му дозволи да ти покаже колку те сака.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Побрза да не го удрам или тој да не замавне на мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кој е тој? Таа се двоумеше, причека за момент, како да знаеше дека отишла предалеку. „Мојот лекар“, рече.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Рози, многу те сакам. Сиве овие години те чекав. Ти требаше да дојдеш порано. Но не дојде толку рано.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Туку ти сакаш да те видам онаква како на сликана, Туку јас сакам да слушнам како ми велиш – те сакам...” Навистина брилијантно!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Не ми значиш. Не те сакам. Како да ти објаснам?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Ја гушкав твојата слика, плачев, многу плачев, сакав да се врати времето, па тебе да те гушнам и да ти кажам колку многу те сакам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
ЉУБА: Кажи ми, ти некогаш си се замислувал ли над прашањето зошто тебе не те сакаат?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- И јас тебе те сакам до небото и до ѕвездите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во својата поезија ќе сведочи дека е тој постојано во заминување кон татковината: заминувам во сон, таму ќе се најдеме ако постои враќањето од егзил, обновив минат ден за да те сакам повеќе во новото заминување, заминувам во правец кој не постои!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како што ти реков, не те сакаат затоа што многу се правиш важна на часовите по географија и поради тоа што смрдиш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Мислам“, рече таа, „дека те сакам.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Или „не ми ти може мајка ти поинаку – многу ми те сака“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А може и тогаш да сум те сакал, вели, ама не сум знаел.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И знаете што ми рекоа? Ми рекоа: браво! Така те сакаме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Многу те сака и мисли на тебе твојот Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Само ако таа те сака.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— Е, така те сакам, да ми дојдеш како јунак, а не да го ведиш грбот — го пречека тој уште оддалеку и се стрчна, та го прегрна и се избакнаа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Те сакам од зори до мрак, Сонце, те сакам.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Она неизговорено: те сакам, мило мое сонце, со сонце во очите и невино срце.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
- кога влегуваат во ноќниот бар, во позадината задолжително се врцка полугола танчерка на шипка; - кога гл. јунак поаѓа во решителна задача, без оглед дали тогаш чекори, трча или скокнува во хеликоптер, тој им вели на своите сакани (жена, женска, деца, татко итн): „те сакам“, а тие (понекогаш здружено) одговараат: „и јас тебе“;
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Право ли е, кажи? - праша зракот. - Не е право, но јас многу те сакам.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Најмногу те сакам кога за нешто во ист здив се согласуваме. (Иако мислам дека јас секогаш повеќе настојувам од тебе).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Те сакам... Господе, колку те сакам..., како ниедна пред тебе“, премалено рече гласот на татко ѝ. „Знам“, рече маќеата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
САЗДО: Мислам дека многу те сакаше.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Така те сакам!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ПОЦКО: Така де, така те сакам, кум Доцко!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Вчера само за инает ти велела дека не те сака и дека ќе се мажи за друг, зашто си се правел важен, не си и обраќал внимание.“
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
„Слушај. Колку повеќе мажи си имала, толку повеќе јас те сакам. Го разбираш ли тоа?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Волшебник си голем, до бескрај те сакам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Ама, јас тебе најмногу од сите те сакам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Само знам дека многу те сакам - ѝ реков не само за да ја утешам туку и затоа зашто во тој момент почуствував дека и вистински ја сакам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од една страна со пустиот ага; од друга страна со детето што се закопца да те сака; од трета страна пак овој се зајаде.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Тој не те сака?“ Сега и жената во чија куќа ја боледував треската и ја доживував најголемата своја возбуда го следеше оддалечувањето на плеќестиот Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едно ја видел лисицата ватена во стапицата и дал вик по неа: - Така те сакам, кума лисо де, да се ватиш со обете нозе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се обидувам да те насликам во умот во душата, во срцето, да можам цел век да те сакам , да те памтам, да ми биде убаво секојдневието со тебе во мене.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
„Мило момче, мило мое радосно момче, како ли те сакам!“, восхитено извика Авдотја Игнатјевна, „Камо покрај таков да ме ставеа!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се брише. Ја отвара својата чанта.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Те сакам“ – напиша на гипсот наместо потпис. Скршеницата на ногата ѝ зарасна.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И оваа мама те сака...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Коле ме напукнува: „Па нека ја, нека ја, Јоле, гледаш дека те сака“.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
В. Х. Оден успеал засекогаш да го растури најпрочуениот стих на Стивен Спендер токму со таква кампска субверзија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Многу те сакам, ептен многу! – се пикам целата во неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На онаа што е Клара Аицети, но не кралицата од анаграмот; што може да е било што, питачка во Будимпешта, ороспиичка од јавна куќа во Хухуј или слугинка во Кецалтенанго, каде било далеку и не кралица.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Но слушни го ова: токму добив вест од еден пар што живее со племето Тураг во Нигерија - тоа се луѓе коишто одгледуваат добиток и животинскиот измет го користат за оган.“ Ѝ дадов на знаење дека ја слушам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
АЦЕ, АЦЕ АНГЕЛ-ДЕТЕ Не беше пијан, не пушеше ништо ДОМАШНА И мама те сака, само за да видив дека не сам крава
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога ја прашав, па зошто си се мажела за татко ми кога те сакале и побогати, таа ми рече: „Ах, чупе да знаеш колку беше убав и вреден татко ти!“
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Некој ти вели „те сакам“ а ти црвенееш.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Можеби времето ќе ги излечи раните, но лузните ќе останат, мил мој, до последниот здив, те сакам, многу ми недостасуваш.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
- Зошто, сине? – ќе го праша мама. - Не те сакам!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Мајка ѝ готвеше нешто што многу непријатно мирисаше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Биди упорна, живеј за тој миг, во име на сите страдања низ кои мина. Те сака за навек твојата Јана“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Грета: Еди! Мирен! Мирен! Земи колаче! (Од кеса вади колаче и му го дава. Еди го лапнува)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ни оти некој те сака да му појдеш дома му, ни оти пак ти влегува.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Како може да не те сакаат. Но тоа и не е важно?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ама ако не те сака смртта, што се вели, ќе ти направи место да се разминеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
СТОЈАНКА: (Плаче.) Томче, јас би те чекала довека, те сакам и љубовта моја е догроба, ама не можам повеќе од татко ми, ми е жал за него.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Да, ја имам. И те сакам. Барем така мислам.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Многу те сакам мамо!“, не пропушта да каже, никогаш, ама баш никогаш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Многу!
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Така, „мајка ти ми ти е многу уморна денеска – денес да бидеш добар кон неа“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Боб паузира за момент, и потоа брзо додаде, „Сигурно да те сака, ужасно многу.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Бабо, - ѝ реков, забележувајќи дека искрено се лути, - не се нервирај и немој да бидеш тажна, тато тебе те сака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Тие, со зелени лица, какви се тие? - Недоверливи, рече таа. - Тие тебе не те сакаат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Моето мало девојче, милото мое мало-големо девојче, - почнува таа да ме гали по косата, по грбот, по рацете, да ме бакнува по лицето, по очите, насекаде. – Мајка тебе не те сака, мајка те... ... – Обожава! – велиме двете во исто време и почнуваме гласно да се смееме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Браос, мајсторе, а, така те сакам де!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Го познавам овој трепет на усните, страв да ги претворам во бисери совршените зборови “научив да те сакам, како што заслужува твоето благородно срце”.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
ПОП ЈАНЧЕ: А, велиш, и таа тебе те сака?!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Јајчестото огледалце налик на детско главче, забрадено со изрезбарена косичка од ореово дрво, одговори: ГОСПОДАРУ САКАН, ТАМУ ЗАД ПРАЗНАВА ТОЧКА, Е ОНА ШТО ВЕКУМ ГО САКАШ И ТЕ САКА.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Сите ги сакам”, прошепоти Рози. „Мајка ми те сака”, ѝ промрморе Даниел на уво.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се надевам дека дождот некаде ти ја мокри косата како и мене и кога животот нема да ти биде лесен, кога ќе бидеш налутен и скршен ќе се сетиш на мене и колку беше лесно да се живее животот и топлина ќе ти ја обземе душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
— Тииии! Чудно чудо: су не можела да реча „те сакам"!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јака е како коњ. Внимавај на неа. Кога сте сами немој да се напиеш.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Браво, Трајче! - го пофали чичко Тале, го почука по рамото, му ја стегна раката и продолжи: - Таков те сакам. Да бидеш како татко ти.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Бегај, не сакам да те видам! - Не сум ти брат и не те сакам веќе! - грубо ја оттурнав. Таа се расплака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Немирна е и мојата душа зашто те сакам до болка..... Твојот Томо - Долгиот, 30 март. Лето господово....
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Најслатка кукличка со разигран поглед, Ах, колку те сакам, да знаеш, само да знаеш.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Чиновникот го следеше на високи тонови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
3. Распосли си го окото - мојата љубов сака да патува мојата љубов сака да залута да се врати, да нѐ спаси мојата љубов сака Во предградието на твоето око трепките си поигруваат есен, отвори, патникот кој чука е љубовта ќе влезе за да побегнеме од времето меѓу градите отсекогаш сум носела виделина окото твое отсекогаш ме барало мене - разбуди го, ноќва како на сон те сакам, погледни ме, љубовта да ми патува...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не можам веќе да те сакам, понекогаш само те посакувам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Мамо, колку те сакам, - ѝ шепнав во темнината.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Сепак, ти си дел од мојот живот. Те сакам Нино.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Остави ми нешто“, му рече таа и тој почна да го вади синџирчето од вратот, кога таа се наведна и го бакна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, штом таа нежно, со возбудлива нота на рапавост, ти шепнува, „те сакам“ – готов си!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Она што сакам да кажам е дека во Фектори немаше лицемерство и мислам дека нѐ напаѓаа токму поради тоа што одбивавме да ја прифатиме играта и да се претвораме дека сме она што всушност не сме.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- И јас те сакам, ама тоа е поинакво сакање и ти тоа не можеш да го разбереш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сега дојде редот, кога јас кажав едно чисто: те сакам. Ми беше возвратено спротивното.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Верувај во твојот Господ, зошто тој те сака најмногу, без разлика дали неговото име е Исус или Буда.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Нека грмат громови, нека дождот струи низ облаците, нека застане светот и времето, чекајме на истото место, прегрниме како дете и кажи ми: „дел си од мене“.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
ПЕТРИЈА: (Го зема бебето, се посвртува назад и го дои.) Сонце на мајка!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Те сака МАМА. - пишува на листето, оставено до клучот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Не те сакаат Цви, па тие ти дадоа на знаење дека не си веќе пожелен за Главен рабин”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Сакам да го сретнеш Мајкл. Мајкл Малоне.“ „Добро. Кој е тој?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Затоа што те сакам.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Само, те сакам, - и довикнав, а во себе си реков: - Па, ти мислиш дека сè знаеш?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Бато, повторував, дали ти знаеш дека јас тебе многу те сакам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа сум јас. Еј џукело Ќе се сретнеме пак. И ќе ти кажам еј како те сакав куче едно.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Често ми велеше дека ќе имаме дете, а сега молчиш и тоа ти тежи, знам дека е така, не го порекнувај тоа, но јас не ти се лутам, бидејќи тоа не беше услов да ти легнам, јас те сакав и те сакам како жена која сака маж без никакви услови, како што се сака летањето низ бескрајот во кој се дише само слободата.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Те гледам тебе на манастирскиот панаѓур: зацрпуваш вода со стомните и ми подаваш... Те сака твојот Наќо“.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Оваа питома и кротка душа се топеше во твоите нежни и топли допири во долгите и студени зими.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да те сакам, зошто премногу добро се навикнав на спокојството во твоите темно зелени очи и сигурноста во твоите цврсти прегратки!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На него, со крупен неформиран ракопис беше напишано: „Те сакам“ Неколку секунди беше толку изненаден што не се сети да го фрли обвинувачкото ливче во дупката на сеќавањето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така е љубов, ден те сака, ќе ти прави веѓи, ќе те љуби, а утре во друга ќе се заљуби и нејзе ќе и се колне и ќе и прави метании, а тебе не ќе те погледнува.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Меѓутоа, излезе дека одбрав погрешен човек за таа работа, а во иднина почесто ќе ми се случува таков вид рапсодија во која тие што те сакаат не ги сакаш и обратно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ако е за искрено, јас те сакам со двете нозе, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ене ви ја старата навика на геј-мажите да се нарекуваат во прво лице велејќи не „јас“, туку „мајка ти“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Многу те сакам мамо! Брзо да помине денот и вечер да се вратиш весела од работа“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако успееш уште и да се забавиш на своја сметка, тогаш едноставно би те сакале уште повеќе, бидејќи имаш сила да кажеш дека си поинаков.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ете така, татко мој, оче Мида, така и ти брате Лествичнику што по скалите нагоре одиш (а слегуваш) кон својата одаја, и ја отвораш вратата и ме гледаш, и знаеш дека и јас знам, и солза не проронуваш, а јас плачам, оти те сакам, оти си ми брат и друг јас на светот овој ништо немам, оти ти велам: сѐ ќе сторам братот мој да не ја изгубиш главата, оти утре страшно собитие те чека, брате мој, кога логотетот ќе види дека одајата си ја отворил не три, ама три илјади пати за овие години.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ти ја отворав душата, ти кажував колку плачам, колку тажам по тебе, колку те сакам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Те сакам ваков,” ми рече. „Те сакам облеан во студена пот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Херк Jonhson во последното делче од последната секунда го постигнува победничкиот кош, а Меги Lopez толку добро рапува, нишајќи го згодниот задник.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Одвиткувам и читам: „Мара вели дека премногу те сака.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
„Те повикав затоа што те сакам, мислам дека те сакам, и сакам да се сретнеш со некого.“ „Се разбира“, реков.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еве да речиме оти и она те сака; ами татко ти лели а неќеше, бре внучко?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гледав векови песок како покриваат судбини.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Коле ме напукнува: „Па нека ја, нека ја, Јоле, гледаш дека те сака.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во секој случај моето неочекувано признание Катерина го сфати како покана да легне покрај мене. (Чувствувам потреба веднаш да објаснам дека ние не ги употребувавме зборовите за да изразиме приврзаност еден кон друг; користевме други средства).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Браво комшија... - го удри по плеќите директорот Владо. - Таков те сакам. Нек се знае...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ЉУБА: Па никој не те сака; ниеден будала нема да ти даде на заем ни една копејка.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Обновив минат ден за да те сакам повеќе на заминување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Удри старио на вреќата со патерицата, пук сторила, свикало момчето: - Олеле, дедо, не маај толку!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Попот ја слушна Арслановата наредба, но место да излезе напред, се заврте назад кон народот, бидејќи и така стоеше во првите редици, та ги поткрена рацете и очите кон небото и почна да брбори некои молитви, a потоа им се обрна на селаните: — Селани, браќа, не оставајте ме сам да ме к'ваат орлите!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Камо да видам што имаш мезе: биено сирење. Една до две. - Така те сакам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сега те сакам и тебе и животот, живеам за да го претворам секојдневието во фантастична игра.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ами еве ве: јас те сакам, те сакам, трипати, не еднаш, ако сакаш да знајш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Џојс, нема да дозволам ништо лошо да ти се случи, ми вели тој.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Па ти и не знаеш како јас сакам, како те сакам. И дека тоа боли. Но сепак е прекрасно.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Кога ќе ја слушаш исповетта на твоето срце дека го убиваат болка и мака, тогаш, можеби тогаш, ќе допре до тебе гласот на моето срце дека сеуште те сака.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Направи пауза за да дојде до воздух.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас те сакам и те почитувам, мој Александре и до крајот на август ќе те држам овде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Затоа што ме сакаше?!“ „И те сакам!“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Еј, јас те сакам, зар е малку да потечат овие најтешки зборови на свет, да се речат два збора во кои се собира целиот свет, додека пред тебе, сега клечам.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Таткото со насмевка го погали по косата: „Да, навистина го мислев тоа, што не значи дека те сакам помалку.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таа му го прегрна рамото со двете дланки, се навали со лицето на него и малаксано му рече: „Те сакам“, му рече, само не знаеше зошто одеднаш, штом овие зборови ги изговори, во душата почувствува некоја длабока и болна празнина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога Ема ѝ велеше “Ти можеш својот пат да си го продолжиш овде, ги запозна нашите луѓе, тие те сакаат, гледам дека и ти прифати некои од нив, и сега на тебе е да решиш; да, јас ќе те разберам доколку сакаш да се вратиш дома, но враќањето дома велиш дека е ризично, затоа остани овде, се друго е непотребна и неизвесна авантура,” Илона ги сфаќаше добрите намери на полицајката, но го спомнуваше Јиржи, својот пријател Јирачек, кој сигурно ја чека во Равена (тајниот јазол на чешката врска, како што често велеше Илона), така се договориле последната ноќ помината заедно во мотелот “Мерси” на излезот од Хасково.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сад си жена, ѕвезда која сија и чија светлост нико не може да заклони! Те сакам засекогаш... ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не се наоѓа лесно човек што те сака и што го сакаш.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Бате, батенце, колку те сакам!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Јас многу те сакам. - Причекај ме малку, - рече зракот и се стрелна по ливадата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Жал ми е.“ „Бреда, те молам, сослушај. Бевме толку блиски.“ Margina #32-33 [1996] | okno.mk 161
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Паѓа, паѓа отец Лаврентиј, тврда е земјата, топла пред летен дожд, и здивот е топол што ѝ го вдахнува тој.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Откоа се распознале старио со момчето, му рекол старио на момчето: - Јас те сакам, момче, за наместо син ти да ми бидиш, ама ако легниш ничкум за да те удрам со патерицава три пати што да можам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ајде сега да удриме на пиење и на свирење!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ти кажуваше колку те сака, те гушкаше.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
- Љубов моја! Знаеш колку многу те сакам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чекав да ми рече дека ќе оди на спиење и откако ќе спуштев слушалка, после сто пати кажување чао и те сакам, конечно ме оставаше на мира.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
П.С. Те сакам..., засекогаш, и кога ќе умрам ќе те сакам! 05.01.2006 Течат солзи, како река.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Нема да дозволам ништо лошо да ти се случи. Не терај ме да плачам, Мајкл.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Мамо, мамичке, колку многу те сакам, само да знаеш, - ми излетува одненадеж голема нежност и се втурнувам во неа, да ја гушкам и да ја бакнувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За да видам дали ќе ми недостасуваш, дали доволно те сакам за да дојдам и да живеам во Западот заради тебе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
црвената: пламливи, избувливи луѓе: што на ум, што в срце - тоа на уста, за една болвосерка - туриваат каца со мед; им пререче ли нешто, им се пикна во зборот, не ги поддржа, не им одобри - повеќе за тебе не држат, те замразуваат; додека имаат мака на алтан-терезија те држат, кога ќе им помине маката, за старо тенеќе те даваат; само тие како да постојат во селото; соседите ги тераат да ги врзуваат кокошките, а тие кучињата свои ги пуштаат кај што сакаат; кога ќе се впипрат во лицето - запелтечуваат; ако ти е фрлена шега, подбив, мунѕа - од нив е; се зафатија ли со нешто, наумија ли нешто - или ќе го сторат или раката ќе си ја отсечат; жолтата: колебливи во очи, во држење, во однесување; многу сакаат да слушаат, да чујат сè, а ни трошка нешто од себе да речат; во расправиите бегаат, не сакаат тука да се најдат; дома глас не им се слуша, како да не се живи; за мала работа трчаат кај соседите за совет; кога ќе им влезеш в куќи, не ги фаќа паника, ниту брзаат да те почестат; ако дедо им бил говедар, козар, питроп, полјак - таткото и синот и внукот се тоа; по гробиштата кога сите лелекаат и плачат, тие ги гаснат свеќите да не се трошат до крај; секогаш одат со навалени глави загледани во земјата како да бараат нешто што изгубиле или пак што загубил друг; кафеавата: рано легнуваат, рано стануваат; тешки во одењето, тешки во зборот; само за себе живеат; што било, како било - во нив останува; дома со седење те пречекуваат: ќе те измерат: кој си, што си, па ќе станат; за многу работи се прават дека не чуле; она што е нивно не го даваат на друг да се послужи; устата им испушта мед, а срцето пелин; кога ќе им дојде невеста во куќата, или ќе ја претопат - табиетот да им го земе, или клоцата ќе ѝ ја удрат; имотни се, но со прсти стегнати, кајафлии не се расфрлуваат и не арчат многу: дури и кога дечињата наутро ги празнат мешињата, ги празнат во дворот - да имаат што и кокошките да колвнат; избегнуваат кај што не им е по ќеф или кај што шерепере се зборува; жените со плетиво одат в поле, в планина, в црква, на молзење, в град по купување; кога даваат совет, не ти кажуваат сѐ докрај - нешто и за себе задржуваат; ако те засакаат - виделе нешто во тебе што им се допаѓа; кога ќе им се случи нешто лошо во куќата, одмерено плачат; кога се болни, не ѝ веруваат на болеста; со неа шетаат, со неа работат, со неа по веселби одат; ја носат, а гледаат кому да му ја прилепат; розовата (шеќерлијата): чаламџии, фодули, самобендисани, а купи ден - помини; на оро први; те сакаат додека имаат мака; јајце да варат, надвор го варат - да ги гледаат сите; од надвор куќата чиста, паќна, што се вели: азна, а внатре празна; што да се случи во селото - први разбираат; во разговор ќе те префрлуваат од рид на рид, ќе ти тргаат фурки - в очи ќе те лажат; не држат многу до зборот: речи - одречи; ти даде ли нешто, сите знаат; новата кошула ја облекуваат врз старата: кој да види да завиди; први се за гости, за јадење, за пиење, а кога ќе им дојдеш дома - им поминал светецот!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Ох, да“, рече таа, „да, сношти. Беше. И те сакам, да, стварно...“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ЈОРДАН: Слушај, ќерко. Ете, стрико ти Кољо те сака, да му бидеш снаа за внук му Јован. Го познаваш?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
САВЕТКА: Та не ти ја сакаат душата, туку тебе те сакаат!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Но... Во буната сега еден до друг стоите, а подоцна еднаш ќе се раздвоите.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Нани ми чедо, заспи ми, порасни јунак на мајка, еднаш те мајка родила, еднаш те сакам да умреш.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Сакај се, за да те сакаат другите.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ако не можеме да бидеме заедно, ако неможам секој ден да ти покажувам колку те сакам, останува да се надевам дека барем понекогаш се сеќаваш на моите лудории кои ти правеа рингишпил во главата, кои те скокоткаа и блага насмевка ти се појавуваше на усните.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сам - никому не си му нужен, никој не те сака.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И Френк те сака. Понекогаш јас бев избувлива и те нарекував глупак во нивно присуство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Би сакал да ти ги покажам моите quallkodes, зашто те сакам.“
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Можеби сега почнувате да размислувате за мене, но не ми е грижа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еден месец заедничко излегување и еден сув конфузен бакнеж.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Добро го кажав ова, ха! Тој не дека не те сакаше, но лесно поводлив ли, суетен ли, желен за престиж ли, сите го гледавме како оди по сечилото на жилетот, впрочем сакаше да се знае, и сите знаевме, оти и не беше само таа, ама со неа беше посериозно, и за детето се вели дека е негово, ама луѓето знаат и да ги надујат работите!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Виде што му се случи нему”.  „Видов”, си помисли и не му одговори зашто знаеше дека претседателот на Советот Саломон Бити беше сменет по кратка постапка, по налогот спроведен од премиерот Метаксас, моќниот диктатор и заштитникот на нејзиниот маж.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А бре, една девојка што те сакаше некогаш, му рекле.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Те сакам и те мразам. Лажам како вештерка.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Грета (Го бакнува): Дики, мислам дека те сакам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
САВЕТКА: После, што рече, треба и таа да се праша, дали те сака, не е крава да ја дадеме кому што сакаме ние.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ТОМЧЕ: А мојот татко, поарно да го немам! Катил, намќор! Човек без душа, без срце!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Никифор Абазовски, земајќи ме во заштита, почна да си мрмори: — Аман од тоа братство и единство, вели, кога никој не те сака за брат!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа навистина погоди куп луѓе што сакаа да ги одржат старите стереотипи. често се прашував: „Дали тие луѓе кои си играат криенка воопшто се грижат за оние сиротички луѓе кои едноставно не можат да се вклопат во зададените улоги?“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Па сепак, ако умрам, тогаш како ќе те сакам?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
- Не, - ќе рече Зоки, - не те сакам.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ние сме едно стебло, иста судбина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Мамо, ние не те сакаме, ние те обожаваме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Несакав да разберам ни да простам за сите грешки, а те обожував и те сакав повеќе од било кој друг.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Колку те сакаше - рече Лиле.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Грета: О, не! Сто пати сум ти кажала дека те сакам само тебе!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Среќа, ба му ја. „Некогаш не те сака и господ“ , би рекол Лазор Ночески, „или намерно те остава за да се мачиш“ .
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А оти те сакамте сакам, нема што.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Вчера само за инат ти велела дека не те сака и дека ќе се мажи за Бузо, зашто ти си се правел важен, не си ѝ обраќал внимание.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Премногу те сакам за да можам да направам такво нешто.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ниту ти можеш да ме насликаш како што јас ќе сакам да се видам, Ниту јас можам да ти кажам колку те сакам, како ти што ќе сакаш да чуеш.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
А татко му еден ден му рече: кој нема татковина, нема ниту гроб, нема ниту гробници и ти забранувам да патуваш!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Бато тебе најмногу од сите на светов те сака, да знаеш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
ЈОРДАН: Милуваш ли да појдеш за него?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И одговори на Анѓа. – Па сите девојчиња знаат дека јас тебе те сакам, само како те сакам. – Како сестра – побрза Анѓа да ја доврши неговата мисла.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Колку повеќе ќе созреваш, толку повеќе убавини, мудрости и национална гордост ќе откриваш - те сакаат баба и дедо...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
П.С. Секогаш кога ќе посакаш полесно да „допатуваш” кај мене, загледај се внимателно во индиго бојата што мајка ти ја купи на еден пазар на мирудии.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тебе! тебе! тебе! Толе, тебе те сакам, да не се одделиш од мене!... Оф, јас кутра, шо си направи!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие знаеле дека: ако Бог те сака те мачи, те искушува, ти дава страдание за да те прочисти, да те поготви на духовен раст. ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Секогаш чувствувам фебрилност од помислата дека кај луѓето се појавува хиперсомнија, полесно им е да замижат и да заминат, вршат глацијација и хибернација на надежта, љубовта и верата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Авни се радуваше на своите внучиња кои му се јавуваа на интернет преку скајп мавтајќи со рачињата за да му кажат: „Вујче те сакаме. Те сакаме вујче Авни!“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Зарем не гледаш колку те сакам?“ му рече милно земајќи му ги двата образи во своите скоро горешти дланки и потпикувајќи се во него како да го посакува како никогаш порано.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога Ема ја отклучи вратата, ја заплисна силен мирис.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Никогаш не можев да помислам дека ќе те видам ваков, слаб и немоќен.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ти треба да научиш да бидеш цврст, но и мек, за да ти биде убав животот, за да те сакаат луѓето, да не бегаат од тебе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Само така те сакам и те зимам, инаку, кажи ми отворено и јасно: за мене ќе се мажиш или за некој околу мене? — И стана од столчето, се приближи до нејзиното.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со последни сили го правам ова, ама морам, за тебе, за мене, за нив… Те сакам, ќе ти пишам од САД.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Не дозволувај да станеме оние што сто пати пред да зајде сонцето си кажале те сакам.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Туку ти сакаш да те видам онаква како на сликана, Туку јас сакам да слушнам како ми велиш – те сакам. 2002
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
А Зоки веднаш ќе рече: - Не те сакам, не те сакам!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Лесните: И Мајами има јами; нели не си ти сенилен; најтешките и прекрасни, Есен однесе, есен донесе; мака сета за „те сакам“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дали знаеше дека толку многу те сакаат и дека им значиш.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
- Море, јас али сум за риба да купуам, бре братко, и пари да давам, па остај пари што не даам, ами не си ја остаам работата и да одам на рибни пазар да купуам риба.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Виде Филип Филиповски дека и отец Лаврентиј го видел тоа зло време, летајќи окован за својот кревет, како Филип што е заробеник на својот; виде Филип дека отец Лаврентиј виде сѐ и дека затоа сега трча кон манастирот крај Бело Езеро, да каже што видел, трча отец Лаврентиј и сѐ почесто паѓа по скржавите падини на испустена Македонија, и најнакрај, со првиот попладневен гром стигнува нестварен како виножито до брегот на Езерото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Зошто, сине? – ќе го праша мама. - Така. Не те сакам.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Солзите не се моја слабост тие се моите чувства, имам сила да те сакам безвремено, не е наивно ниту едноставно, тешко е, но секој миг е се поблиску до нашата среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се разбира, и тој ѝ рече дека ја сака, и навистина го мислеше тоа, оти тогаш секој сакаше секого и зборовите „те сакам“ се кажуваа лесно.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сонце, те сакам, ти реков додека во тебе гледав, а во далечина огномет ги палеше последните светла.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
- Зошто ма, мамичке? - Така, - вели деноставно мама. – Не те сакам. Тогаш Зоки почнува да плаче.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Бато, бетенце - почна да ме моли таа - најмил батичко, те молам раскажвај ми. Те сакам, бато мој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- И јас тебе, малечка моја будалетинко – ме бакна тој уште еднаш, и додаде: - Оди сега кај тато, пред да си легнеш и смири го малку, многу беше вознемирен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дали знаеш колку е глупав, и празен, и тажен животот без тебе?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Така те сакам. А што ќе правиме за мезе? - Да видам што има во кујната.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Те сакам“ би можело да звучи како исушен куп зборови, кои вбризгани во вистинскиот момент би дејствувале како дрога.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тоа не беше сакање. Јас тебе никогаш не те сакав Денице.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На Адема му се направи киселиот: — А така де, така те сакам! Да не кршиш, зарем, мојот лаф.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нејзините усни обликуваат збор. „Не те сакам кога си тажен.“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ти ич не праша ни да ли те сака ни дали ми се дава, токо „ај дај ми а"!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако успеат да ме натераат да престанам да те сакам, тоа ќе биде вистинско изневерување.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„‘Кај Хелмут’. Можеме да се видиме ‘Кај Хелмут’. Те молам. Те сакам.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Писмата: „силно, силно те сака твојата мала сестричка Ј.“, „секогаш само твоја вљубена сестричка Ј.“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Мамо! - вриснав јас, - немој да ни умираш, ние те сакаме, никогаш веќе нема да те нервираме!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На улица го сретна момчето. „Не те сакам“ – му дошепна наместо поздрав. Му го скрши срцето.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Оти, виде отец Лаврентиј сѐ: виде некое друго време, друг век виде, и виде дека во подрумот на некаква чудна, студена библиотека, окован во пранги седи жив последниот македонски ректор, преблажен отец Климент, столчен, поразен; и виде дека сите негови книги се избришани, страниците празни, без букви, додека тој умира со корка леб и чаша вода а над него стојат некакви други луѓе, заговорници и измамници со подуени мешиња и сало на вратот и му се смеат оти словата одлетале во воздух, та ред не останал за него сочинет од други времиња; “Толку си бил важен”, му велат, „толку те сакал и те почитувал народот“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 125
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И он да знае оти го сакаш како тој шо те сака! — и рече еднашка кога и донесе уште поголема китка, — сега, навистина, од Крстета набрана за неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да го слушнеш неговиот глас како ти вели: Добро утро мила, знаеш дека те сакам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не ми е гајле што овде е поевтино. Тој ми вели, нема што да се грижиш.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Те сакам онака едноставно, наивно, додека мислиш дека сѐ уште чекаш, да не забележиш дека те обожавам, во страв дека во таа љубовна река твојата љубов ќе пресуши, како што те сакав досега. Оддалеку.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
АТМОСФЕРА и тато те сака, на Ацета му пријде треснага по њушку Седиме на маса, поминуваш низ врати све за едну смрдлу што више нејќе да ми кафето пред нас, без да допреш квака, дава. од гравот што го јадевме со здравјето си добар, Силно га поткачи, скрши си га руку испуштаме гас. немаш никаква мака, успеја само лице да му испрскам с’с вотку од зараза се плашиш, пун кафиќ људи испразни се за час Седиме и молчиме, не подаваш рака, к’да Аце одеденпут извлече мотку. јас цигара пушам, и добро си дете, ко скот ме гледаат, секој те цени, Аце, Аце, ти господ, ти цар исправено одиш, со чадот ги гушам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во овој забревтан, механизиран свет, многу значи кога околу тебе постојат луѓе, кои несебично те сакаат и во кои секогаш можеш да најдеш поддршка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А. ПАВЛОВНА: Да даде господ тој да престанал да те сака за овие години, зашто инаку од секирации не ќе можеме глава да кренеме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Биди ведар и мудар, сите ќе те сакаат и почитуваат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А, пријателката те сака како свое дете и се грижи за тебе и ѝ е жал зашто некој како тебе, толку млад и толку убав, оставен сам на целиот свет, без родители и без татко на детето... грев е.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Даниел никогаш не ги покажува своите чувства отворено, но јас знам дека тој тебе те сака.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
ако не можам да те сакам, вели, ќе можам да те тепам, како ѓуптинот ѓупката, вели, првин ќе те завиткам во една черга, вели, за да не можам на место да те отепам, и после ќе мавам, ќе мавам, вели, дури да ме заболи раката ќе мавам, дури да те засакам повторно, вели, и после на секое удрено место ќе те бацувам, вели, за да се сетиш зошто било тепањето, вели, младоста сонува, му велам, а староста само се сеќава на сонот, рекол некој, колку деца ќе имаме, прашува Горачинов, јас веќе имам едно, велам, ти имаш, вели, но сакам и јас да имам,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Да“, рече таа, „бевме блиски“, и јас се сетив на првата ноќ во нејзиниот стан, момчето во меур и облеката од провидна фолија, се сетив на целиот зашеметувачки спектакл на нашата врска кога го слушнав нејзиниот глас како удар на чекан на рефренот „но не толку блиски“. превод: Г. Н. Ом
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дики: Сладок е. Го сакам. Но мислам дека тебе те сакам повеќе. Се бакнуваат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Потоа му вели: „Едо, те сакам, човече!“ му вели доволно гласно Стефанос да чуе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се бакнавме. Ја погалив по вратот и осетив нешто необично, некоја чудна брановидна длабнатинка како кожата да ѝ станала пластифицирана, а потоа таа ја стави раката врз моите гради.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таков те сакам, потскокнал царот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Перо ѝ рече како без здив: „Боже, колку те сакам!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Затоа во пораката отпосле му вратив: - Знаеш што, денес сфатив дека сè уште те сакам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дики: Која беше онаа?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А јас те сакам. Љубов е сѐ што ни треба.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
16 март Бојан, Бојан…, јави ми се понекогаш…, на телефон знам дека нема…, ама на сон барем да те видам и кажи ми нешто, те молам. Те сакам, пак ќе ти пишам деновиве.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Знаеш колку те сакаше? Постојано в раце те носеше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеш да одиш низ една или друга улица, без светла, така што не ги гледаш нечистите еднолични жолти ѕидови, улица по улица, со кучиња кои ќе те бркаат и црнкињи кои не те сакаат и мирис на ѓубре, во социјално-станбените блокови. Тие луѓе се гнасни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Така, смрдиш. Така велат и другите. И поради тоа не те сакаат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Хоризонтот на љубовта никогаш не ми бил поблизок.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Супер! Така те сакам, мамичке.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
ПОЦКО: Така те сакам, куме! Да јадеме и да пиеме! Рани душа да те слуша!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ново утро и лет на ластовица, чист воздух во градиве, слика на страмежлива и нежна детска насмевка, нов живот во топла прегратка.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не знам што сѐ би направила да те видам пак до мене…, би одела боса по снег до врв на планина, би направила најтешки, најневозможни нешта, сѐ за тебе, а се прашувам дали доволно направив, дали ти помогнав во тешките моменти, прости ми ако не сум направила доволно. Те сака Зое.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)