те (зам.) - убие (гл.)

А зошто сака да те убие?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дики: Значи те имам, кукличке! Но и 50 илјади не се малку!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И нејзе ќе и го најдеме чарето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ти ќе кажуваш дека ништо не знаеш, а јас ќе тврдам дека ти си осуден од комитетот на смрт како шпиун и мене ми падна лотата да те убијам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Досега на тој начин има известено седум лица и чекаме да видиме уште колкумина ќе извести.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А имено, ако сака да се ослободи од злото, кое му ја мати водата, веднаш тајно му шепнува на увото: „Бегај, сакаат да те убијат“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Си ми здодеала, велам, ќе одам во викендичката, ќе живеам таму сам.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Немој да доаѓаш, ќе те убијам, велам.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А ти чувај се, молчи... Ќе те убијам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Луцијо, можам да те убијам“, реков. „Не поигрувај се со мене.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Изеди го“, рече. „Изеди го да не те убијам“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Губи се или те убив“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Губи се или те убив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некој ги искршил сите улични светилки и има срча на улицата, а деца си играат на неа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не ми е гајле што овде е поевтино. Тој ми вели, нема што да се грижиш.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во станбените блокови, може да те убијат без никој потоа да праша за тебе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеш да одиш низ една или друга улица, без светла, така што не ги гледаш нечистите еднолични жолти ѕидови, улица по улица, со кучиња кои ќе те бркаат и црнкињи кои не те сакаат и мирис на ѓубре, во социјално-станбените блокови. Тие луѓе се гнасни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Само ти остана, а и тебе те бараат за да те убијат!‘ А потоа, гневни на прогонувачот, ме убедувавте да избегам, а од мене баравте благослов за да се одмаздите за пролеаната крв на нашите браќа по вера.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Или јас тебе ќе те убијам, или сама ќе се убијам“, му рече еден ден кога Полин наполу го отфрли лебот и другите јадења и започна да ја засмрдува куќата приготвувајќи јадења од разни растенија што така диво растеа во природата: штавеј, блостурци, див спанаќ, лобода, ардукли, киселачка, разјан, зајачко зелје, шумска салата, мајорок, чубрица, дрезга, мечкино грозје, рајчица, шафран, жолта месечина, пиперица, горчица, див лук, брашнарка, граорка, гомбел и др.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ја грабна пушката и отиде кај Трајана дома. Му рече: „Да не ми беше внук, ќе те убиев“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- „Зошто се врати?“ - „За да те убијам“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Јас знам бранови разиграни, ќе те убијат тебе во мене, ќе останеш трага во непостоењето ко споулавен ќе играш во соленото блато на образот ќе ги откопуваш со ноктите нежните насмевки што ги однесе олујата на ова време ко развигорец распеан пратен од ритмот на, чекорот што одминува...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А времето е уште несталожено, може некој од страв да те убие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Пушти ме“, реков. „Ќе те убијам.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не сфаќаш ли дека Доце Срменков кришум ќе те убие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие тоа го измислија заради... заради вакво нешто што ти го стори со мене. - Да се убијам?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Си посегнал“, реков попусто тргајќи ги рацете од клештите на неговите прсти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во големите очи секогаш полни со љубопитност му пламнаа оганчиња на изненадување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Можам да им кажам на оние пештерски пајаци. Сакаш ли? Тие ќе те убијат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ти по сѐ посегнуваш. Ќе те убијам, ти се колнам.“ „Тикво зелена“, ме бутна на сламарникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Те видов мртов денес, кога ви донесов ракија во манастирскиот двор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оној ден, кога во твојата куќа ќе заплаче твој пород, ќе те убијам. Клетва си е клетва, зошто не пазеше?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Ти патиш од премногу размислување, ќе те убие твојот разум!“ ме прекина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Истражувањето започнато истиот ден не довело до никаков резултат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Болничарката прифати, само доколку договорот остане целосна тајна. Ѝ се закани со непоткупливиот показалец. – Ако некогаш се дознае за тоа, ќе те убијам!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со своите раце сум те строел а те уби одред палав.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И сторивме така, имавме меки срца.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кејтенов сине, сакав да викам, Кејтен пријателе, сакав да го пробудам бегај од домот тие ќе те убијат!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Додека не те види наземи нема да те остави, може да те убие.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Ах, Богдане, бог да те убие, зар ти ова да ми го сториш...” офкаше болно.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Ќе те убијам, Марко.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Заборавил кој бил и заборавил дека лежи ранет од шрапнел на боиште и дека повикува - Константин доаѓа; му го шепоти Коранот на свој јазик и пак неизменет, со недвосмислено значење: Ако ја подадеш својата рака, кон мене да ме убиеш, јас не ќе кренам рака на тебе за да те убијам, од Алах, мој бог на светот, се плашам ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но и таа безнадежност, тој проклет цвет врз коренот на болката е обогатена со кобна надеж: ќе ти пресудам, мисли секој од нив, ќе те убијам, кучешка веро, потоа, сеедно ми е, ќе умрам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Ќе те убијам.“ Се тргна. Од неговиот извик дождот уште повеќе како да задушува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Знаеш ли како се заколнав? Знаеш, знаеш си чул. Оној ден, кога во твојата куќа ќе заплаче твојот пород, ќе те убијам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Ти си предавник!“ викаше момчето. „Ти си мисло-престапник! Ти си евразиски шпион! Јас ќе те убијам, ќе те испарам, ќе те испратам во рудниците за сол!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„ Сакав да те силувам и потоа да те убијам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И мислеше дека ако ми се даде макар и четвртинка можност, би те поткажала како сомнителен, за да те убијат?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А ужаснуваше не тоа што ќе те убијат затоа што мислиш поинаку, туку тоа што тие се можеби во право.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ДИЖОНСКА Ако прошеташ низ гето Може да те убијат на место Ќе станеш главна фаца на вести
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Жена му не го оставаше, му велеше: - Ќе те убие од заседа...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пандо, тргни се некаде, засолни се за некој ден, му рекол, зашто ноќеска сакаат да ти дојдат да те убијат. Така се спасил.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Зошто сакаше да те убие?“ „Не знам“, одоговори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
ТОПУК Од под креветот вади нож: Пипни ме, ќе те убијам.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Цели чети од нас, од сите возрасти, сите против тебе кој е единствениот вистински. Ајде, само напред, навести војна!“ „Ќе те убијам!!!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Вечерва ќе пуштам еден филм во Тиволи...“ „Престани да ме викаш зашто ќе те убијам!“ 44
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Еднаш ја прашав: - Се има некој обидено да те убие?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- А зошто прашуваш? - се изненади таа. - Онака, од глупост - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го знаеш тоа чувство?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Еден, некој, комплементарен, кој сега те докажува, шета низ фантомските улици, и чека да те убие...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А, бог те убил ѓаволска направо, а, парче и бурмиче не останало од тебе, вртешко лажлива!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Рекл он на жената си: „Земи, злаја жено, това копиле што си родила, иди си скоро от мој дом, иди да те не зидат мои очи, да не те убијам со мои руки.“
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
- Нека оди тој прв! - го препознав шепотот на тетка Олга, - и само да не си седнал кога мочаш, ќе те убијам! - тука шепотот на тетка ми одеднаш зазвуче како саскање на змија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И овојпат беше превкусно, но бев свесен како повторно ќе ги закочи моите и онака мрзеливи црева и при секоја помисла на ова одново и одново се препотував.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во џебот имам само 30 копејки и, со нив, да те убијат, не можеш да им платиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само оној што не го слушаш може да те убие. Или веќе те убил...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па овде и да сакаш да те убијат, ќе мораш да си ја платиш услугата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако сакаат да те убијат, ќе ти ја фрлат капата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ѝ се пристори дека го слушна гласот на политкомесарот кој скоро пред неполни четири месеци, таму на ливадите на Арена им велеше: - Ако не убиеш, тогаш тебе ќе те убијат!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Леле Мишко, да имам пушка би те убил! - му сврескав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Тебе, Брезо, еден ден ќе те убијам, а на тато ќе му бидам лут цел живот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И да те убијат барем некој да те види.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој се јави, и немаше посреќен човек од мене.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А татко ми го учеше: Абре дете, тебе ќе те убијат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Бреза – строго ме погледна тетка ми Оце – ќе те убијам ако ја заплашуваш, да знаеш, лошо ќе биде за сите, оти Дена ќе прави проблеми во Маврово ако почне да се плаши.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој уште повеќе збесна: - Ќе те здробам! – викаше. – Ќе те убијам, да знаеш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе те убијам, да знаеш! – ми се закани тој.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Да, но ти знаеш – рече таа – јас ќе добијам таква казна од нив што ни на сон не сум можела да ја сонувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Престани ти со тоа, ќе те убиеле – ѝ подвикнав – само ти имаш татко и мајка, мислиш нашите не се исто така загрижени како твоите!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Те предупредувам и сериозна сум, да знаеш, внимавај што раскажуваш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не! – реков кратко и решително, и се изненадив дека брат ми ми поверува и веднаш излезе од собата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)