тебе (зам.) - што (зам.)

БОРИС: Не ми е за косата, за принципот ми е. МАТЕЈ: Кој принцип? БОРИС: Немам јас тебе што да ти објаснувам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ете, те прашувам тебе што си постар од мене и што си видел повеќе во светот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Јас ги добројав годините, па пак не ми се легнува, а не тебе што си каде-каде помлад, - рече дедо Најдо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сам ќе се пофалам: е патриот сум ти бре, кир Николаќи, не ја дадов на друг освен тебе што идеш во партијата моја.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)