тебе (зам.) - или (сврз.)

- Ако сакаш, можам да останам со тебе или повремено да доаѓам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„За тебе или за малиов?“ се поднасмевна човекот со лузната и за првпат откако седна на масата погледна директно во него. „За двајцата“, се искези братучедот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Ама јас веќе си одбрав...“ и братучедот покажа со главата накај девојчето што ги послужи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тоа беше нешто како кога би сакал некаде каде што нема сонце некому да му ја покажеш својата сенка што идела по тебе или одела пред тебе додека сонцето греело. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Заслушај се ноќе, и ќе ти се јави некое крцкање на креветите, над тебе или под тебе, небаре црвец да работи во штиците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но не е толку далеку денот кога ќе можеме тебе, тебе или тебе да ви ги замениме главите и во една сајберобработка да те подмладиме на тој начин како стогодишник да можеш да усреќиш една млада кравичка, или своето парење во виртуелниот свет да го претвориш во стварност; тоа сè уште не значи дека сме го грабнале Бога и дека стварно ги знаеме вистинските волови. 8 okno.mk Но што?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
“454 ‌Заменувањето на геј-баровите со страници за онлајн друштвено вмрежување значи дека сега можеш да си ги бираш геј-луѓето со кои сакаш да се дружиш пред воопшто да се сретнеш со нив и пред да ги запознаеш.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Контактите можеш да си ги бираш од оние видови луѓе на кои веќе гледаш со одобрување, според своите необмислени, нереконструирани критериуми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не мора да им се изложуваш на луѓе што можеби се поискусни во геј-живеењето од тебе или кои можат да ти ги спорат непроверените мисли за политиката.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секој ден за услугата се регистрираат осум илјади мажи“.453 Не е ни чудо што Томас прашува запрепастено: „Значи ли двојниов удар од главнотекувањето и од технологијата дека црно им се пишува на геј-баровите?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеш и понатаму да си се држиш за идеалниот калап на добриот хомосексуалец: некој доблесен, мажествен, полн самопочит, достоинствен, што не е од „сцената“, непромискуитетен, со конвенционален светоглед и солидно приврзан за традиционалните вредности – прав граѓанин и честит припадник на (стрејт) општеството. ‌Накратко, појавата на една разбиена, виртуелна заедница и исчезнувањето на една настрана јавна сцена, заедно со губењето на две-три генерации геј-мажи поради сидата, отстрани голем број од условите нужни за одржувањето и за унапредувањето на геј-ослободувањето – за културен и политички вриеж што ја подигнува свеста и за меѓугенерациско пренесување на настраните вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Прашај ги, со оној огорчен, самосожалителен и високопарен тон: „Па зошто не можеш да ме удостоиш со почитта што ја заслужувам?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“ Ваквото навидум нужно и неизбежно преглумување е она што им ја дава внатрешната лажност на емоционалните претераности во личните интеракции во семејството.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Те фрапира ли студенилото на ќерка ти кон тебе или студенилото на љубовникот или на љубовницата?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе стрелаш во нив, ќе си го откриеш местото и непријателот пука во тебе или по радио повикува авиони и поиува, толчењето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Можеш и сакаш да го носиш товарот на таа трнлива круна на подрумска принцеза или би му фурнала малку мускулеста светлина на тоа слабичко телце?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
M Нора, одреден дел од таа, хм, скопска сцена во тебе гледа сосема автентична ноќна кралица, снажна, пред сè, мошне талентирана, прилично информирана, но и сиромашна ко Снежана и за сега без вистинска шанса; сето тоа само ја зајакнува аурата околу тебе или, обратно, те слабее?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога ќе му речеш нешто, првин добро ќе те загледа, ќе постои со очите свртени кон тебе или кон земјата, а потоа ќе ги одговори.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И што побрзо да направам - да бегам пред тебе или со тебе заедно? Во што е разликата?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)