ти (зам.) - земе (гл.)

Само ти умееш да поминеш низ животот со тоа твое иха-ха-ха а притоа да веруваш дека сите си ги засмеала и никој нема да ти земе за кусур.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
АНЃЕЛЕ: Тоа јас ќе го слезам. Ти земи го големиот...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сите прогони се такви, оти прогонува секогаш посилниот, а се повлекува послабиот; теророт се состои во понижувањето, во свеста дека си отстапил, дека си се повлекол, дека ти зеле нешто твое, простор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
— И што не си се надевал ќе ти дадат, додава жената, и никој од тоа да ти посака, да ти земе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)