ти (зам.) - личи (гл.)

Ти личиш на старецот, кој некогаш бил најубав ерген во селото и ги привлекувал погледите на убавите моми.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
„Ние победивме, Винстоне. Ние те скршивме. Виде на што ти личи телото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А на овој другиот што ти личи на јаре, тоа му е како музика.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ѝ рече: „Јано, ти личам ли на дрво?“ „На дрво?“ се зачуди. „Се шегуваш.“ „Не, искрено“, матно бараше. „На дрво - јавор, глог, зеленика.“ „Не ми личиш“, без веселост му призна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Џебеџијата е доверлив човек, наш. Убаво ќе ти личи тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Не навистина, на што ти личам?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не ме сфаќаше. Ти личев на дете што собира шарени слики од чоколада.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ти личам, можеби на глупав калуѓер?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Не, вистина, на што ти личам?“ праша другиот; место да одговори, праша, сфаќајќи дека разговорот е до бесмисленост неповрзан: „Ја движи ли алкохолот раката што држи нож?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Погледни ме внимателно. Ако не ти личам на измамник слушај ме и понатака и немој да се смееш кога ќе ти речам дека тие луѓе имаа чудни лица; млечнобели, сиви, жолти, сини, зелени, секакви, само не какви што се нашите лица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- А на што ти личи планината? - ме прашува Билјана, загледана во далечната сина планина.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)