ти (зам.) - плати (гл.)

И сам знае дека е така најдобро, и знае дека и сите други си мислат дека е најдобро Лазор да направи така сам како што вели, да го отепа Хаџи Ташку среде Прилеп и среде бел ден, но зашто не сака да го жртвува Лазора вели Властите можат да си помислат дека ние сме те испратиле да го отепаш, сме ти платиле за да го отепаш, па пак ќе се свртат против нас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Стани, ефенди, да ти плата беглик за бравите од Султо Јани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ти се лути, велеше, шо му a наметна Ката та, ете, сега му дојде на колај да ти плати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Знам, - рече стариот. - Јас те прашам за сликата, ќе можеш ли да ми ја најдеш? Ако сакаш, ќе ти платам добро.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ми може некој нешто? Ме боли кур. Ти плати?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Не сум јас никакво јајце за скитнички супи, еден да ме продаде а друг да ме купи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Ќе ти платам со денов што заоѓа. - Се спогодивме. И тие повторно се прегрнаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ја ведна главата, се поуми, а кога ја крена, очите му заискрија од пакост и рече: - Да те прашам: сите ли ти платија?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
По еден час и Бошко Манев, кога дотрчаниот Танас му кажа, исто така знаеше што го чека зашто арнаутскиот обичај на сите им беше познат: кога некој ќе ти плати за сѐ што кај тебе јал и пил – тоа значеше дека има право да ти одмазди како што сака за она што мисли дека си му го сторил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кој нема, дај му на заем и тој ќе ти плати, со фајде ќе ти плати. Разбра ли!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)