ти (зам.) - припаѓа (гл.)

Зад неа стои брат му Рафаил Давидовиќ дојден оддалеку, од преку голема вода.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Послушај ме, потшишај се. Ние сме едно. Јас ти припаѓам тебе, ти мене.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Облеваат со мир кој постои простум и предизвикува сомневање дали и колку ти припаѓа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ќе ти дадам толку колку што им припаѓа на девиците, двесте сребрени зузими сребро, што ти припаѓа според прописот на Тора, како и храна, облека, сѐ што е потребно за живот и ќе ги исполнувам брачните должности, сѐ според општоприфатениот договор...’ Јехуда Давидовиќ го чита текстот на нивната кетуба16 составен според стар образец на арамејски јазик.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не ти припаѓам ни тебе, ни на твоите организации, ни на твојот бог, ни на твојот закон, ни на твојата власт, ни на твојата традиција.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Би сакал уште малку да те задржам во ова убаво мое зајдисонце меѓу ридовите но ти веќе се оддалечуваш талкајќи кон некое соѕвездие што сал тебе ти припаѓа.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)