ти (зам.) - сака (гл.)

Ти сакаш да се забавуваш, „тие“, што значи Партијата, сакаат да те спречат во тоа; ти ги прекршуваш правилата колку што можеш подобро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти сакаш тоа да му се случи на оној другиот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изгледаше дека мисли оти е сосем природно што „ тие“ сакаат да те лишат од задоволствата, исто како што ти сакаш да одбегнеш да бидеш фатен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти сакаш да го послушаш срцето а не можеш.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Греота е идентитетот на Балканот! – ми вели тој со нескриена зачуденост. – Па денеска цел свет е во потрага по својот идентитет, а ти сакаш ние да живееме како баби, да го заборавиме сопственото минато.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Секогаш кога одевме кај некого на погреб ти сакаше да си дотеран.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ти сакаш да ме бациш!“ неочекувано и исплашено му рече уште повеќе подавајќи му ги своите усни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А ти сакаш, нели?“, ја праша милувајќи ја по косата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Потем рече: „Но добро, Јан Лудвик. Дали ти сакаш да го водиш партискиот кружок за физичко воспитување?“, праша.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сакам само да те прашам уште нешто, Луцијо: зошто твојата Партија и ти сакавте да ме кастрирате?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Ха, - злобно се насмеа Белото. - Ти сакаш да ме измамиш.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Илјадници на овој свет живеат без очи. А ти сакаше ...“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Чорбаџијата сакаше да ми ги исече мустаќите, сега ти сакаш да ми ги искршиш нозете.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ама ти, брат Арсо, добродушен и...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сакаше, бараше, молеше. Ти сакаше приказни. Сакав, ја чу. Тогаш сакав.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Туку ти сакаш да те видам онаква како на сликана, Туку јас сакам да слушнам како ми велиш – те сакам...” Навистина брилијантно!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Египетскиот раиз му вели во шега: Ти сакаш да ме убиеш!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред да влезе во неговиот кабинет бараат од него да го остави својот револвер кобра.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше и репете, јадеше колку душа што ти сака.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А за она кај пругата, проштевај, брате, но ти сакаше да ме каснеш.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
- Што? Ти сакаш девојка една. Тоа е убаво. Само мал си, уште на носот ти се фаќа роса.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мислам оти лубениците пукаа кога ќе се преполнеа со смеа, па ти сакаш верувај сакаш не верувај“, беше заклучокот на дедо ми во врска со неговите искуства од ноќевањата на бостанот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И му рекл татко му: „Чедо, нам требува да земеме девојка на наша прилика, а ти сакаш неја — не салт што е без руки, ами Бог знае каква е некоја сељанка и за кој кабахат ѝ отсекли руките Това ќе да ни е на срам.“
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Еден ден Илко одби да јаде. Му рече на Мил: - Синко, жена ти сака да ме отруе... - Да те отруе?!
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Не, бре, Јоне велам, пак ти сакам да бидеш зет, на сите свадби само ти да бидеш зет, велам, и се иставам. И вистина не го лажам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)