ти (зам.) - скока (гл.)

Ќе ти окара некој однавала, а ти скокаш и го фаќаш в гуша. Ко Арнаути скокаме на пцуењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— А таму не те молат, вели, таму токму-нозе ти скокаат меѓу ребрата, меѓу дробовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти се качуваат по нозете, ти скокаат по лицето, те шетаат и те дупат по снагата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можете да замислите каква хигиена било тоа за нас, ама не можете да замислите каква екскурзија на мозокот сме си направиле зашто нашата прошетка од 12 чекори нѐ чинеше двојна доза од гинипралот, што во превод значеше дека срцето ти чука како лудо вљубено, телото ти скока како да ти е астрално до плафон, а, што е најстрашно, на дежурство на доктор кој ни во сон не сакаш да го погледнеш, а камоли да ти го погледне стомакот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А и бричот изабен, како брана по грутки ти скока по лицето. И купчиња брада ти остава нефатено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)