ти (зам.) - станува (гл.)

Понекогаш така идело: ќе почнеш со едно да се смееш, а после сѐ ти станува смешно. Целата околина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ е таму наредено така што во душата ти станува светло, мирно и чисто.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пукањето ти станува обично како лаењето на кучињата, како течењето на водата... И таму, во ливадата, го наоѓам Ангелета, ангелот мој златен, со потсечени крилја. Децата се разбегале, ама Ангеле мој не добегал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наоколу карти, божества, хороскопи слики, книги, мемоари пресметки, математики, хронометрии ти стануваш појдовна точка за сѐ да може да се сложи ти си ѓаволски склоп структура на структури Време, Литературо покажи ми ја темната страна вишокот, несводливоста хроничната невидливост нашата обострана завист.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Те видов како израсна од мојот поглед како искра што сето небо го пали дури и зборот ти станува недосеглив ни мислата во подадената рака во далечина.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ти станувам јас така, нали, за на пазар, момчак неотспан, папсан и од младоста и од работата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)