ти (зам.) - колку (прил.)

Кажи прво ти колку даваш, па ќе се најдеме на средина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Никаква Анка, никакви глупости! - свика баба ми. - Знаеш ли ти колку далеку живее таа? Дури на Бит-пазар.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Господи, Ти колку си го пуштил векот... Угоре високо - удолу тврдо... ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- А ти колку шитна од новиот албум? - му поставуем контра питање - А бе не испечатија многу.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
СИМОН: Од кај знаеш ти колку ми е доста? ВЕРА: Знам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и Коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)