ти (зам.) - или (сврз.)

Па тоа е, си велам, поголем срам одошто татко ти или мајка ти да те фатат како онанираш со оној животински израз на лицето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Претпоставен сум ти или не? Сум!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Само едно може да се одбере: ипи ти или тој од другата страна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чувај го знамето, во најскритото место. Кога ќе ни се врати слободата, крени го над чатијата! Ти или внуците!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Ако некој те праша зошто ја носиш свечената црна кошула, кажи дека ѝ е роденден на мајка ти или дека по завршувањето на смената треба за прв пат да излезеш со потенцијалната девојка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Не знам! Не знам! Истражувај малку, следи го ритамот и тропањето и ќе заклучиш, дали клучот го имаш само ти или и некој друг, - му одговори Рада кратко и мудро.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)