ти (зам.) - би (чест.)

Јас им реков дека само ти би можел да ја завршиш како што треба оваа работа!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Госпоѓа Камилска беше малку изненадена, но веднаш се согласи и реши дека уште утредента ќе се договори со Мајка за заедничката вечера.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас би го однесол писмово кај Иванов, тој би ме помолил да почекам одговор, таму би ме ликвидирале и ти би останал сосем настрана од сево ова и онаа работа со која јас те држам в раце не би имала такво дејство, како кога би загинал од твоја рака?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И ти би можела да се вклучиш во вечерата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
ПАНКО: За тебе не се чудам. Ти би се ујдисал со секого, со Цигани и со ѓаволи. Ама чорбаџи Теодос, тој со Ѓупци!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не сум јас чорбаџи Теодос. Јас сум Доцко, кум Доцко, кум Давадос, цигански кум...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ти би можел, како сите ние, да бидеш дел од нашиот историски процес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Што направи, бре Бандо, што ти би да пукаш?“ го прашуваа луѓето, но тој молчеше потпрен со грбот на куќата; гледаше вземи и молеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)