тие (зам.) - четири (бр.)

Трупарите се позачудија на Толевото прашање, но тие го познаваа и од порано, та беа слободни пред него, бидејќи не беа предмет за неговото внимание.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Обично секоја дипломатска телеграма што ја испраќав во тие четири дипломатски години, ја оттргнував од мојата писателска вокација, се разбира без да ја смирам во себе, зашто тоа и не беше можно, ја сметав и како исклучителен тест кој подлежеше на сигурна проверка, а чии резултати многу ретко стигнуваа до мене.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сакајќи посликовито да го претставам тоа ги замислив тие четири точки на сегашниот свет кои стојат на една иста рамнина, а петтата ја ставив на врвот, чија сенка паѓа во центарот на тој четириаголник.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Изгревањето на сонцето на исток, заоѓањето на запад. Формирање на крст, вкрстување на тие четири сили во центарот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ги држи двете дечиња за рачињата, се срамува да ги погледне, очите само право за да не се чакнат со тие четири искрички тука покрај него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
За тие четири стотини штици, колку излегуваа од педесет трупа, чорбаџијата плаќаше седум бели череци или 35 гроша — на трупарите по еден черек, два на мајсторот дневно, та така него го фаќаше неполни десет пари штицата, а ја продаваше тука, на бичкија, по грош и шеесет пари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)