тие (зам.) - верува (гл.)

Тие веруваат во библискиот свет, имаат блага крв и долго живеат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие веруваат дека владеат не само со моите помисли туку и со намерите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие веруваат во мене, тие знаат дека јас можам да издржам и повеќе од еден снег. Можам! Можам! Можам!“ - викаше во себе Бојан и ги стегаше тупаниците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со ширењето на информациите - било да се работи за корпорациски планови или строго доверливи владини операции - тие веруваат дека можат да го спроведат овој нов техноестаблишмент почнувајќи со бенигни социо-политички чувари способни за запирање на глобални операции, до анархисти кои се одмаздуваат поради масовната алчност со пустошење во компјутерските системи - или електронски терористи, подготвени, желни и способни да се осигураат од непријателите со едноставно блокирање на системот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тие веруваат дека јас тука имам замешано прсти. Како јас да сум го затворил.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И во времето кога се ближеа залезите на нивните животи и кога бевме далеку од нивната семејна орбита, со наши семејства, тие веруваа дека сѐ уште не престанала нивната мисија, нивната родителска грижа, посебно на Мајка која, и натаму, веруваше дека Бог ја одржува во живот токму за да си ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ти не веруваш, му велам, но тие веруваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)