тие (зам.) - седи (гл.)

Додека тие седеа стиснати како курсисти, тој на подиумот накратко им ги изнесуваше главните црти на сценариото, служејќи се со кредата на таблата како професор по тригонометрија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Роботичкото телеприсуство доведува до правовремена човечка ефективност на едно реално место во светот без да има човечко суштество од крв и месо на таа локација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мајк Мек Гриви и Лу Хичнер шетаа по Марс, но со своите тела тие седеа во контролната просторија на NASA-Ames.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А потоа, наеднаш, животот излегуваше од нив и тие седеа околу масата гледајќи еден во друг со згаснати очи, како сеништа што бледеат на кукуригањето на петелот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)