тие (зам.) - им (зам.)

Испечени од сонцето тие им ги грееја испотените грбови на момчињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега тие им беа десна рака на мајстор Пајко и на самарџијата Димо, татко ѝ на Калија, кој се свитка како ластегарка откако Калија замина да се закалуѓери во кожленскиот манастир Свети Никола.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тие им припаѓаат на сојот на оние кои самите ќе си го забележат крајот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тие им станаа први закрилници и хранители додека фатија меќани по мариовските села.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„А балистите?“ „Какви балисти! Нашите одат таму по бачилата, кркаат млеко, зелници, маст, сирење и урда, а тие им кажуваат на балистите да се тргнат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Значи, кај Македонците името Бугарин е фалшива монета со која тие им плаќаат на Бугарија и нејзиниот кнез и на нивната татковина и нивниот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие им се размножуваа по природен пат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од турско гледиште и не е право Македонците сите одред да се викаат „Срб-ѓаури”, зашто тие им се предадоа на Турците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)