тие (зам.) - мене (зам.)

Дојде лута дома. „Јас, рече - ги честам од супата и репете им досипувам, ај греота се на студот качени по скелињата, а тие мене за мајтап ме имале!“ и извади од џебот розови купончиња.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тие мене одамна ме фатија“, рече О'Брајан со блага, речиси покајничка иронија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А тој беше гас и гаќи со преседатељо на општината мислеше дека нему никој ништо не му можи и тој, заедно со овој Војнета наш мене ми ги имаше пуштено партизаните да ме убијат зошто сум бил кмет и сетне со нивни ниспет партизаните ме затворија а и уште да можи нешто најлошо тие мене ќе ми го сторат зашто тие сет вногу лоши луѓе ама и овој партизанскио суд што не ет суд туку суди само накодошени луѓе мене мана не можеше да ми најде и ме ослободи ама Трајко Казиловски и Војне мене дрвата не ми ги имаат заборавено и ако им дојде на колај тие мене пак и најлошото ќе ми го направат“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Седев на едно од пластичните столчиња и ги посматрав, и тие мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И тие мене ми ја издишаа душата, ама и јас мајче им ебав. Ќе видиш.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Ама, јас сум ковач, тие мене не ми се од многу корист, ги оставам на манастиров”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)