тие (зам.) - си (зам.)

Јас пак се сплеткувам на моралните категории и, најчесто нејасен, зборувањето го доведувам само до половина. Тие си помолчуваат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нежно се прегрнуваат, легнуваат на брачната постела и се соблекуваат, се чувствуваат, ги допираат своите кожи, растреперени и гладни за сласта што им доаѓа како награда за трпението, скромноста, чедноста, што некој сакаше да им ја попречи и открадне, но којашто ете тие си ја отворија во вечната свадба и љубовна игра во која си припаднаа еден на друг засекогаш, пред своите срца, пред семејствата и пред лицето на Бога.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Што таа врзала, човек, не раздвоил.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И тие си ја вршеа совесно својата должност за да си ги запазат своите местенца во дуќаните, ако не сакаат да дупат мини во тунелите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Понекогаш жар птица им заигрува во сните, а тие си ги лечат болките со звуци на балалајки.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Понекогаш свеќа им ги осветлува и песните и мислите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тие си мислеа, доста е едно изјавување оти Македонија ќе биде за Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие си дадоа отчет од улогата на Србија во македонското прашање досега и за иднина, затоа и ним им припаѓа честа да се создавачи на националниот сепаратизам сред Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Словените служеле кај Римјаните како робови и гладијатори, а кај тие робови и гладијатори најмногу се повторувал зборот „слав”, затоа тој збор фатил да означува, од една страна, човек што ги работи најтешките работи, т.е. роб, а бидејќи најмногу робови се земале од Словените, тогаш, од друга страна, Словените биле крстени од Римјаните со името „slavi“ коешто тие си го позајмија од нив и го преправија на СЛОВ-Е-НИ, т.е. Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така, барем, тие си мислат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Стануваа, ама тие си знаат како стануваа: со алкање, да не згазиш некого во прескокањето, да не му го прекинеш сонот, дишењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мора и за отпадокот некој да се погрижи. Значи, тие си плаќаат сметки во комуналното за правда.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но и за госпоѓа Камилска и за Мајка најбитно беше што нивните сопрузи колку и да се оддалечуваа со нивните идеали, со метафизиката на нивниот бег во историјата, тие си остануваа уште поцврсто на Балканот со нивните здружени библиотеки...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие не ѝ беа верни на Партијата, или на државата, или на идејата, тие си беа лојални еден на друг.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нека си зборува кој како сака, тие си ја сторија честа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И нункото, и попот, и дедот Петко, и Стојо, сите ги молија да останат на вечера, но тие си зедоа „седите со здравје — ајте ми со здравје“ и кршија глава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така си оставаа „зад врата“. Но тоа ништо не им пречеше на Сукаловци и тие си одеа, си работеа, си печалеа и си имаа од сѐ по малку.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка не беше била никогаш, на ниту една родителска средба за постарите браќа, па тие си ги завршија училиштата со одличен успех и со примерно поведение.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тука, на прв план, ги имаше предвид Маркс и Енгелс. За него тие си беа умни, големи философи на XIX век, ама не пророци на идеологијата на комунизмот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко ги знаеше и сите детали за херојското држење на Мајка, кога го спасуваше семејството од прегратките на смртта, за време на грчко-италијанската војна во 1940 година. – Што стори со знамињата? – праша директно Татко. – Многу се изветвени за да можам да ги прекројам за облека за децата! – Барем за нешто да послужат! – дофрли Татко. – Тие си го отслужија своето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Си рекол со умот Силјан да не им проговори, ами да им се поклони, чунки чу оти тие си проговориле по нивниот јазик.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тие си биле маж и жена и си коселе една ливада.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тагата и болката не можеме да ги премостиме тие си најдоа вечност во нашите души.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А може собирен центар?... Тие си знаат...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Имаше, ама не сте ги виделе, велам, и тие си ги јадат рибите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам, може и да им се расплакав и тие си заминаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие си ги потпреле рацете в половина, чекаат и се смеат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)