тие (зам.) - ѝ (зам.)

Потоа тие ѝ рекле дека е недостојно член на Партијата на здравиот народен дух да си дозволи да коленичи и да моли некаков недеклариран изрод, кловн од прв степен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И Земанек стана, отиде до автобусот, им рече на другарите да не нѐ пријавуваат како отсутни и да молчат; потем се врати и ние видовме како во нашиот автобус влезе наставничката по музичко, која не го познаваше нашиот клас добро; видовме дека ги прашува другарите дали се сите тука, и дека тие ѝ велат дека сѐ е во ред.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не се устремуват кон влезот, полека запираат среде двор, или не запираат, туку само побавно чекорат, ја опфаќаат црквата со очите, устите не ги вражат, само дланките што ја држат за рачињата како да се претвораат во усти и тие ѝ пренесуваат некакви сигнали, нешто како зборови што прв ги слуша и не ги разбира.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тие ѝ давале предност на саможртвата на македонската интелигенција и гледале со недоверба во способноста на Револуционерната организација да подготви општо востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие ѝ го здогледаа лицето и ѝ го чуја гласот: „Седнете, деца, седнете!“ ја крена раката и ја турна кон нив, „стасавте токму навреме.“ 88
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)