тие (зам.) - о (изв.)

О ти располагаш со бол во тебе се прекршува колективот и други показатели О во тебе се креваат револуции граѓански војни и љубов - збирна множина О во тебе паѓаат снегови снегови О во тебе тапани нерви и булки од секакво потекло О во тебе се Тие О во тебе отпадоци остатоци недостатоци вертикали и разновидни интимни чувства О ти си едно минато неопределено време О можеби си човек.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)