тие (зам.) - звук (имн.)

Ги познаваше лаежите на секој овчарски пес, знаеше кој овчар со каков кавал или шупелка свири и по тие звуци тој го познаваше секој булук на кој стопан е.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ние сакаме да ги фатиме и да ги контролираме тие звуци, да ги употребиме не како звучни ефекти, туку како музички инструменти.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тој мирис на сеното, тие звуци што навечер никнуваа наоколу, во самата плевна, во буковата корија, во папратот зад плевната, тие ѕвезди што се гледаа низ отворот на вратата, тој чуден опивлив ноќен планински воздух што го дишеше и му се насладуваше и ти се чини дека сѐ е вечно, нема почеток и нема да има крај, и ти се живее и ти се постои и би сакал да бидеш насекаде, со сешто, засекогаш...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој едноставно не можеше да ги репродуцира звуците што беа снимени на плочата, затоа што тие звуци го тераа да вибрира силно сѐ додека не се скрши.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Што и да работеше, дел од неговото внимание беше свртено кон звуците на планината, кон шумолењето на дождот, настојувајќи од тие звуци да издвои и некој поинаков звук, што ќе го најави доаѓањето на неговите од село.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А: Но тоа е чудно, нели ?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)