тие (зам.) - мисла (имн.)

— Со тие мисли си го клаваше сакулето во клупата, кога на вратата се запартали женско гунче и везани ракавчиња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Навидум исклучив сѐ друго, и луѓето и светот, но знам дека тоа беше така затоа што тие луѓе и тој свет беа премногу, на подзатскриен начин, присутни во тие мисли.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
После се срамев од тие мисли. Од тие пигмејски мисли.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со тие мисли Силјан си летна од Плетварско и си одлетал во село Коњари, та си кондисал на седелото од Аџијата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Побара нешто наоколу, во што би можел сиот до безостаток да се загуби но најпрвин со тие мисли.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И додека размислуваше на тоа, додека се труеше од тие мисли, што го печеа по неговата внатрешност, Змејко можеше само да се превиткува како ремен, издолжен на тоа тврдо легло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тие мисли вратата се отвори и на неа се појави стара жена – Турчинка со бела коса, боса на влечки, во широки шалвари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Силјане - му рекол аџијата, при сѐ што те милуам многу, атар нема да ти остани, нема да седиш на моево седело, ами ќе си седиш на другиот крај на куќата, чунки нам ни е седелото домаќинцка постела.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Со тие мисли Силјан си летна од Плетварско и си одлетал во с. Коњари, та си кондисал на седелото од аџијата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И тие мисли со денови ме прогонуваа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)