тие (зам.) - напор (имн.)

Уште еден чекор, уште еден бескрајно долг чекор, и тој ќе се најде во пријателско шарско бачило, да дише меѓу ветрови испарување на овча волна и ненасито да се обновува со млако млеко, нем и тажен до денот на одмаздата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
При тие напори чувствуваат дека сите обиди се попусти, дека не можат да го најдат ни сопственото место во времето. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Постојат луѓе кои повеќе не можат да се снајдат во просторот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Уште еден чекор, уште еден, но тие напори го влечеле сега во линија на зиг-заг по бришан простор и бил точно онде кај што се исправил во атакот да ѝ појде в пресрет на смртта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)