тие (зам.) - солза (имн.)

Не може јунак да трае, ропство му тежи над глава, ни може мајка да гледа се в тија солзи крвави.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Во тие солзи Томо го прочита сето нејзино каење. Нејзината младешка незрелост и избрзаност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Што раскажував, за разделбата, добро, тие солзи ме удавија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Самата таа не можеше да си објасни зошто и навреа тие солзи на очите. Се заврте пак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)