тие (зам.) - стебло (имн.)

Во еден миг, додека стоеше потпрен до едно од тие стебла, реши дека ќе продолжи напред сѐ додека тие просенувања не му се доближат толку многу, за да му го стеснат кругот така, што веќе да не може да пречекори од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не се истргнаа тие стебла од земја и не ги оставија зад себе своите кори како змиски кошули за да појдат голи и бели во молчалива месечарска колона.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беа ретки тие стебла и не можеа да ги сокријат двајцата пријатели на Мирона - браќата Крловец, првиот Јанкуло, вториот Мануш, потпрени еден на друг и заковани за среброто на врвицата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)