тие (зам.) - ѕвезда (имн.)

И денес се тоа што се: тие ѕвезди, тој нивни аѓутант.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Има ли живот на оние ѕвезди, Марија, да прашувам. Нишките на нашата љубов не допираат до тие ѕвезди, да слушам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој мирис на сеното, тие звуци што навечер никнуваа наоколу, во самата плевна, во буковата корија, во папратот зад плевната, тие ѕвезди што се гледаа низ отворот на вратата, тој чуден опивлив ноќен планински воздух што го дишеше и му се насладуваше и ти се чини дека сѐ е вечно, нема почеток и нема да има крај, и ти се живее и ти се постои и би сакал да бидеш насекаде, со сешто, засекогаш...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)