тие (зам.) - по (предл.)

— Ќе направиме. Ние колку шо можиме, тиа по нас пак колку шо можат. Тоа е. Дошло, ќе се трга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие милиони не само што се пропаднати досега без полза, но имаат поддржувано непријателство помеѓу балканските држави, кога тие по својата географска близост и еднаквите интереси треба една со друга да го помагаат заедничкото економско развивање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но имаше кучиња кои не соработуваа со ветеринарот, кои го гледаа душмански или кои се преправаа и симулираа дека имаат некоја мака и невола и тогаш ветеринарот им ја забодуваше инјекцијата и тие по цел ден мирно спиеја.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сонцето V Се движат тие по усамениот брег со нишките на мојов залез во коските.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Го побараа од кметот чифтето и тој им го донесе. Пукаа по птиците, паѓаа тие по брегот и водата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ни ги пуштило сенките од под петици и одиме ние, одат и тие по нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Не оди, ми вели Татјана Перипелицина, тие по цел ден се будали.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Козјото време течеше со својата неумолива логика, посилно од идеологијата што сакаа тие по секоја цена да ја наметнат...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Четворица сме: јас и тие: јас од тукутака ќе се расплачам, ќе се размрсулавам, тие по мене, ќе молчам јас, ќе молчат тие, јас тргни кон некаде – тие по мене, ја расипуваат играта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Велам нешто свртен со грб кон очите, го отплетувам коланот со реденици, задоволен сум: ја враќам во шошката да стои тука и да се заканува кон црното и сеништата што надлетуваат над куќата небаре утки и други пилиња со зол глас се.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако се вратат, ќе појдат и тие по реката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)