тие (зам.) - ист (прид.)

Подоцна, меѓутоа, видов, дека тие истите, кои меѓусебе очите би си ги извадиле и, многупати, и си ги вадеа, кога бев јас во прашање, беа истомисленици.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога мислат дека е нивниот ден, а всушност е само најнервозниот во животот во кој ќе се избакнат по 7 пати со истите луѓе - кога ќе дојдат, кога ќе речат „ДА“, па уште еднаш кога ќе речат „ДА“ во црквата, па кога ќе се фотографираат, па кога ќе им го предаваат пликот, а тие под прстите, од дебелината веќе знаат колку им се блиски или далечни, па кога ќе се разигра невестата и кога тие истите, од многу мерак дека ептен добро играла, ќе ја зашлапаат по трипати по образите и по шминката која дебело си ја платила... сѐ до бакнувањето заради тортата и бонбончињата!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За денес, тие исти ослободувачки песни да станат несогласни со расположението на најдемократската нација.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И тука настанала кавга затоа што тие истите тогаш се појавиле со електричен шпорет, а сега мојата пријателка ги „обива“ галериите низ градот барајќи соодветна уметничка слика.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)